Форум на цивилно-воен сојуз на УНЕСКО за заштита на културните добра 16 мај 2025 година, Париз

На покана на UNESKO – Париз , денес 16.05. 2025 год заедно со претставници од Управа за заштита на културното наследство учествувавме на Првиот Форум за цивилно воената алијанса за заштита на културните добра.

Добрите практики на соработка на национално и меѓународно ниво, подготвување на културното наследство за иднината со употреба на напредни технологии и вештачка интелегенција за заштита на културните добра , национални приоритетни листи, посебна и засилена заштита и дигитално мапирање и создавање на специјализирани единици за заштита на културните добра во рамки на вооружените сили беа во фокусот на денешниот форум.


На форумот исто така е претставен Акциски План за цивилно воена алианса за заштита на култрните добра на УНЕСКО.

Bookmark the permalink.

Comments are closed