Работна посетна на Македонскиот култрно – информативен центар во Истанбул по повод World Bagpipe Day

На покана на директорот на Македонскиот култрно – информативен центар во Истанбул, м-р Диме Ратајкоски, а по повод World Bagpipe Day, на 10 март 2026 година, имав чест да учествувам заедно со м-р Ивона Опетческа – Татарчевска, експерт за нематерјално културно наследство, на панел дискусија посветена на значењето и зачувувањето … Прочитај повеќе

Учество на УЗКН на Форум на ИПА III Програмата за прекугранична соработка „Северна Македонија – Албанија 2021–2027“

На 03.03.2026 година во Кичево се одржа Форум за пребарување на партнери во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка „Северна Македонија и Албанија 2021–2027“ (IPA III Cross-Border Cooperation Programme North Macedonia–Albania), организиран по повод објавувањето на Вториот повик за доставување предлог-проекти. Претставници од Управата за заштита на културното … Прочитај повеќе

Потпишан Рамковен договор за археолошка соработка меѓу Македонија и Израел

Археолошки музеј на Република Македонија, Управа за заштита на културното наследство и Israel Antiquities Authority потпишаа Рамковен договор за воспоставување и унапредување на научната и стручната соработка во областа на археологијата и заштитата на културното наследство. Договорот беше потпишан од страна на м-р Магдалена Манаскова, директор на Археолошкиот музеј на … Прочитај повеќе

Одржана јавна презентација на Нацрт – Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за период 2026–2030

Денес 18.02.2026 година во Порта Македонија се одржа јавна презентација на Нацрт – Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за период 2026–2030 година. Во Нацрт – Стратегијата се утврдуваат визијата, приоритетите и насоките за системска, современа и одржлива грижа за културното наследство на државата. Управата за заштита … Прочитај повеќе

Потпишан Меморандум за национална платформа против криминал со културното наследство

Управата за заштита на културното наследство, предводена од директорката Весела Честоева, е меѓу клучните институции потписнички на Меморандумот за разбирање за основање Национална платформа за меѓуинституционална соработка и заедничко дејствување против криминал со културното наследство, кој беше потпишан на 10. февруари 2026 година, во Хотел „Лимак“ во Скопје. Потпишувањето се … Прочитај повеќе

Работен состанок со претставници на Генералштабот на Карабинерите на Италијанската Република

Во Управа за заштита на културното наследство беше остварен работен состанок со претставници на Генералштабот на Карабинерите на Италијанската Република, со посебен фокус на заштитата на културното наследство и управувањето со ризици. На состанокот беа разменети искуства и добри практики во делот на превенција, подготвеност и одговор на ризици кои … Прочитај повеќе

Состаноци на Хашката конвенција за заштита на културното наследство во случај на вооружен судир

Делегацијата на Република Македонија, предводена од директорката на Управата за заштита на културното наследство, г-ѓа Честоева, учествува на серија состаноци посветени на Хашката конвенција за заштита на културното наследство во случај на вооружен судир кои се одржуваат во седиштето на УНЕСКО во Париз, во периодот од 1 до 5 декември … Прочитај повеќе

Онлајн состанок со членовите на бордот на директори на DARIAH-EU конзорциумот

Во просториите на Управата за заштита на културното наследство, на 28.11. 2025 година се одржа онлајн состанок на директорката г-ѓа Весела Честоева, со членовите на бордот на директори на DARIAH-EU конзорциумот, предводени од д-р Агиати Бенарду од Р. Грција и д-р Сузан Шрајбман од кралството Холандија. Состанокот го проследија и … Прочитај повеќе

Учеството на Управата за заштита на културното наследство на меѓународната конференција DARIAH-HR 2025

Во периодот од 22 до 24 октомври 2025 година, претставници од Управата за заштита на културното наследство учествуваа на Петтата меѓународна конференција DARIAH-HR International Conference: Digital Humanities & Heritage 2025, која се одржа на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмајер“ во Осиек, во организација на Академијата за уметност и култура и Факултетот … Прочитај повеќе

Учество во Меѓународна конференција по повод Европските денови на културното наследство

Во периодот од 00-22.09.2025 година во Охрид се оддржа Меѓународна конференција по повод Европските денови на културното наследство. Во оваа прилика директорката Весела Честоева ја истакна улогата на Управата за заштита на културното наследство како една од клучните институции во зачувувањето на Охридскиот Регион, чија универзална вредност е препознаена од … Прочитај повеќе