Споменикот Аквадукт во Скопје е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење

На 66 седницата одржана на 20.04.2021 година, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, Владата на Република Северна Македонија го прогласи Споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Аквадуктот во Скопје е ставен под заштита … Прочитај повеќе

Годишен план за спречување на корупција за 2021 година

Овластено лице за прием на пријави од укажувачи: Ацо Костов Директор 02 5517-700 Ул. „Павел Шатев” бр .3 a.kostov@uzkn.gov.mk Годишен план за спречување на корупција за 2021 (превземи)  

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ – НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА И КОРИСТЕЊЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО (2021-2025) (НЕАКТИВНО)

Според законски утврдените надлежности Управата за заштита на културното наследство подготви Нацрт – Национална стратегија за заштита и користење на културното налседство (2021-2025) кој претставува  прв стратешки документ од областа на заштитата и користењето на културното наследство кој е достапен на стручната и пошироката јавност. Со цел да се обезбеди транспарентност … Прочитај повеќе

Извештај за усогласеност за 2019 година од Државниот завод за ревизија

Конечен извештај за извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2019 година на Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство (превземи)

Почитувани пријатели, Со голема тага би сакале да ја споделиме со вас информацијата дека денес (9 мај 2021 год.), по кратко боледување, почина Претседателот на Националниот комитет на ИКОМОС Македонија, д-р Лазар Шуманов. Д-р Шуманов беше долгогодишен Претседател на ИКОМОС-Македонија и воедно еден од неговите основачи во 1994 година. Тој … Прочитај повеќе

Павилник за критериумите, условите и начинот на вршење на валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство, содржината на елаборатите и начинот на обезбедување на ревизијата

По иницијатива на Управата за заштита на културното наследство донесен е Правилникот за  критериумите,  условите и начинот на вршење на валоризација,  категоризација и ревалоризација на културното наследство, содржината на елаборатите и начинот на обезбедување на ревизијата, објавен во Сл. Весник на РСМ бр. 44/2021. Со Решение на  директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов, формирана е работна група која го изработи Правилникот за … Прочитај повеќе

Најновите сознананија од археолошкото истражување на локалитет Градок

Средновековниот културен центар во Мариово Археолошкиот локалитетот Градок се наоѓа во атарот на селото Манастир-Мариово, кај вливот на Лисичка во Црна Река. Стратешката поставеност на тврдината на високиот рид над устието на двете реки овозможила одлични услови за развојот на оваа населба уште во антиката, која подоцна во средновековието, односно … Прочитај повеќе

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје и Управата за заштита на културното наследство

На ден 29.09.2020 година директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов и деканот на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје Ратко Дуев потпишаа меморандум за соработка во врска со дигитализација на културното наследство.

Заштитни археолошки истражувања на археолошкиот локалитет „Пржалка“ с.Сирково, Општина Росоман, загрозен со изградба на експресниот пат А1 Градско-Прилеп

Археолошкиот локалитет „Пржалка“, с.Сирково, римски vicus, кој според остатоците од материјалната култура (градежна и садова керамика) може да се датира од II до V век од н.е., се протега на површина на стационажа км 16+250 до км 16+500 која е предвидена со експресниот пат А1 Градско-Прилеп. На ден 25.08.2020 година, директорот … Прочитај повеќе

Најновите археолошки истражувања на тврдината ”Маркови Кули„ на Водно

(Најсилната тврдина во Македонија, главната заштита на неоткриениот град Јустинијана Прима) Археолошкиот локалитет ”Маркови Кули-Водно„ се наоѓа југоисточно од центарот на Скопје на местото наречено ”Марково Крувче„ на околу 570 метри надморска висина, од каде што има идеален поглед и визуелна комуникација со околните тврдини далеку кон север, исток и … Прочитај повеќе