Работилница во Битола „Мартинката како дел од културното наследство“

https://tvorbis.com.mk/rabotilnitsa-vo-bitola-martinkata-kako-del-od-kulturnoto-nasledstvo/

 

Со Одлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година беше прогласена за Европска година на културното наследство.

Целта на оваа Европска иницијатива е да го промовира значењето на Европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности.

Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура на Република Македонија, изготви Годишна програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018 под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштитата на културното наследство“.

Во рамките на оваа Програма во текот на 2018 година, Управата организира серија активности и настани за едукација, заштита и популаризација за нашето материјално и нематеријално културно наследство коишто ќе бидат и јавно презентирани.

Предвидените активности и проекти опфаќаат неколку теми со посебно внимание на вклученоста на населението од најразлична возраст во зачувување на културното наследство, одржливоста на културното наследство во процесот на транзиција во туризмот сл.

Во годишната програма, месецот март е именуван како месец на Мартинките -нематеријално културно добро кое во декември 2017 година беше впишано на УНЕСКО Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото како дел од заедничка номинација на четири земји (Романија, Молдавија, Македонија и Бугарија).По тој повод  денес  во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола  се одржа еднодневна работилница за изработка на традиционални детски мартинки .

На работилницата свое излагање  имаше  м-р Ивона Опетческа Татарчевска виш соработник за фолклорни добра во Одделението за нематеријално културно наследство при Управата зазаштита на културното наследство,  и г-ѓа Јануша Лазиќ ракотворка на мартинки и еден од носителите на ова заштитено добро, која учествуваше и во процесот на впишување на Мартинките во УНЕСКО.

Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

+ 18 = 23