Објавено од https://www.mkd.mk
Во Кинотеката на Македонија во Скопје, на 21 февруари 2018 година, беше презентиран и промовиран дигитализираниот филмски опус и ДВД-изданието на еден од доајените на македонската кинематографија, режисерот Бранко Гапо.
Во рамките на македонската кинематографија, Бранко Гапо создава богат филмски опус со исклучително широк спектар на теми и хронотопи, достоинствено промовирајќи ја македонската кинематографија на речиси сите континенти во светот. Проектот за дигитализација на режисерскиот опус на доајенот на македонската кинематографија, Бранко Гапо, ги опфаќа шесте играни филмови „Денови на искушение“, „Време без војна“, „Истрел“, „Најдолгиот пат“, „Време, води“ и „Македонска сага“.
Целта на настанот беше да се промовираат процесите на дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство на Република Македонија, како и претставување на улогата на Управата за заштита на културното наследство во заштитата на аудиовизуелното наследство.

На свечената промоција беа прикажани видеоинсерти од дигитално реставрираните филмови на Бранко Гапо, по што следуваше обраќање на директорот на Кинотеката на Македонија, г. Владимир Ангелов, со осврт на животот и исклучително богатиот опус на Бранко Гапо, кој е стожерен во македонската кинематографија.
Тој подвлече: „…во Европската година на заштита на културно наследство, дигитализацијата на играниот опус и ова ДВД издание остануваат траен документ вреден за чување во сечија домашна филмотека, филмско наследство на кое можеме да се навраќаме и да го препрочитуваме, односно, прегледуваме. Оттаму, долгорочниот проект на Кинотеката на Македонија што се однесува на дигиталната реставрација и дигитализација дела од македонската кинематографија, има свое оправдување и ја постигнува својата цел – вреднување и достапност на националните културни добра.“

Понатаму следуваше обраќање на директорката на Управата за заштита на културното наследство, д-р Елеонора Петрова – Митевска, која посочи дека заштитата на аудиовизуелните добра на национално ниво е уредена со посебни законски и подзаконски акти кои се тесно поврзани со меѓународните препораки и конвенции за заштита на аудиовизуелните добра, со кои се регулираат правните, административните, техничките и општите принципи и мерки за зачувување на националниот фонд на подвижните слики, и во таа насока Управата за заштита на културното наследство, согласно своите надлежности, континуирано ќе продолжи да се залага за трајно вреднување и унапредување на дејноста на заштита на аудиовизуелното наследство, како и за следење на брзиот развој на дигиталните технологии.
Д-р Митевска, потенцираше дека ова е прв од неколкуте настани кои ќе бидат организирани, со цел,подигнување на свеста за значењето на аудиовизуелното наследство, во рамките на годишната програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се реализира под мотото: „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.
На настанот свое обраќање имаше и министерот за култура во Владата на Република Македонија, м-р Роберт Алаѓозовски, кој истакна дека Министерството за култура, по својата улога и функција и во соработка со Кинотеката на Македонија и останатите сродни институции, континуирано ги поддржува, инспирира и помага – како истражувањето, архивирањето, реставрацијата и конзервацијата – така и презентацијата и дистрибуцијата на нашето постоечко културно наследство во секоја форма.
Токму во насока на зачувување на националната меморија, Министерството за култура застана зад долгорочниот проект на Кинотеката на Македонија „Дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство“, кој започна во 2011 година, а кој, според министерот Алаѓозовски ќе продолжи со реализација и во иднина. Уште повеќе, министерот нагласи и дека една од стратешките насоки од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2018-2022 (усвоена од страна на Владата на РМ на 20.02.2018 год.) е и основање на Центар за дигитализација во рамките на филмскиот архив на Кинотеката на Македонија.
По излагањето на говорниците, следуваше презентација за процесот на дигитална реставрација и изготвувањето на ДВД-изданието за Бранко Гапо од страна на м-р Игор Старделов, а на крај беше прикажан еден од дигитално реставрираните филмови на Гапо, играниот филм „Македонска сага“, кој е последен долгометражен игран филм на Гапо, а негов прв филм во независна Македонија, произведен во 1993 година, во ко-продукција на независната продуцентска куќа ТФРЗ „Пегаз“ и државната продуцентска куќа „Вардар Филм“.