По барање на Управата за заштита на културното наследство доставено до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денес во раните утрински часови со поддршка на општините Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров со стотина работници се започна со косење на тревата и расчистување на вегетацијата на Скопската тврдина Кале. Освен работниците од јавните претпријатија во расчистувањето на Скопската тврдина Кале учестуваа и дел од вработените во Управата за заштита на културното наследство.
Исто така ја известуваме јавноста дека по спроведените активност во последната година, Управата за заштита на културното наследство подготви предмер пресметка за санација на Праисторискиот музеј и Музејот на отоманскиот период кои беа изградени во периодот од 2013 до 2016 година. За таа цел со ребалансот на буџетот се одобрени средства во висина од 8 милиони денари наменети и Управата за заштита на културното наследство, како инвеститор на овие два музеја, во најкус можен рок ќе спроведе јавна набавка со која ќе се избере соодветен економски оператор кој ќе до крајот на 2025 година ќе заврши со санација на двата музеи кој се очекува да бидат пуштени во употреба во 2026 година.
Со ставањето во функција на два од трите предвидени музеи на Скопската тврдина Кале е од витално значење за развој на туризмот, промоција и популаризација на Скопската тврдина Кале, за кое постои огромен интерес од страна на научните работници, медиуми, како и од страна на домашните и странските посетители.
Уште еднаш би сакале да им се заблагодариме на Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на општина Кисела Вода, Дејан Митески, градоначалникот на општина Аеродром, Бобан Стефковски, градоначалникот на општина Гази Баба, Дарко Костовски, градоначалникот на општина Бутел и Александар Стојкоски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров и сите вработени во локалните јавни претпријатаја за учеството во денешната активност.