Интерен оглас

Врз основа на член 10, член 30 став 1 алиеја 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административните службеници (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.275/19, 14/20 и 215/21) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место  за кое е објавен интерниот оглас (,, Службен весник на Република Македонија бр.11/2015 и 35/2018)  и Правилникот за систематизација на работните места во Управата за заштита на културното наследство бр. 01-1127/1 од 21.03.2018 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Управата за заштита на културното наследство бр. 01-1127/10 од 05.10.2018 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Управата за заштита на културното наследство бр. 01-3885/3 од 02.12.2019, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Управата за заштита на културното наследство бр. 01-176/1 од 25.01.2021 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Управата за заштита на културното наследство бр. 01-524/1 од 04.03.2021 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Управата за заштита на културното наследство бр. 01-524/2 од 19.03.2021 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Управата за заштита на културното наследство бр. 04-803/1 од 16.04.2021 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Управата за заштита на културното наследство бр. 04-803/5 од 26.04.2021 година, Директорот на Управата за заштита на културното наследство објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021

ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Се распишува интерен оглас за унапредување на административни службеници за следното работно место:

шифра: УПР 01 01 В01 000

назив на работното место: Советник за архитектонско и индустриско наследство

 звање: Советник

организациона единица (одделние/ сектор) во која е утврдено работното место: Одделение за недвижно културно наследство / Сектор за идентификација, заштита и користење на културното наследство

– број на извршител: еден (1)

потребен степен образование: ниво на квалификација VI A според  Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

– вид на образование: Архитектура, урбанизам и планирање

потребно работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката

– потребни општи работни услови:

– да е државјанин на Репубика Северна Македонија

– активно да го користи македонски јазик

-да е полнолетен

-да има општа здраствена способност за работното место

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

– да е оценет со оцена ,, А,, или ,,Б,, при последното оценување на кое бил оценуван

– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место  во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас

– да поминал најмалку две години на исто ниво и

– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред

објавување на интерниот оглас

-Потребни општи работни компетенции на средно ниво:

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
  • учење и развој;
  • комуникација;
  • остварување резултати;
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
  • финансиско управување.

-потребни посебни работни компетенции:

– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

 активно познавање на компјутерски програми за канелариско работење

– распоред на работно време:

– работни денови: понеделник- петок

– работни часови неделно: 40

– работно време од 07:30 (08:30) часот до 15:30(16:30) часот

– паричен нето износ на плата: 26.278,00 денари

Заинтересираните административни службеници поднесуваат писмено пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата, преку архивата на Управата за заштита на културното наследство до организационата единица за управување со човечки ресурси, како и на службената електорнска адреса interen.oglas@uzkn.gov.mk, најдоцна до рокот утврден во овој оглас.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Потребната документација да се достави во затворен коверет на следнава адреса:

Управа за заштита на културното наследство

Ул. Павел Шатев бр. 3, 1000 Скопје

( со назнака ,, интерен оглас за унапредување,,)

Рокот за пријавување на огласот е пет (5) дена од денот на објавување на огласот.

Лице за контакт:

Марија Димоска – 078404020

Елена Маневска – 071209219

Пријава за интерен оглас (превземи)

Bookmark the permalink.

Comments are closed