Меѓународна научна конференција „Значењето на развивањето на Национална инфраструктура за просторни податоци во Република Македонија според насоките од INSPIRE”
На 27 март 2009 год. во просториите на ФОН Универзитетот во Скопје се одржа Меѓународната научна конференција „Значењето на развивањето на Национална инфраструктура за просторни податоци во Република Македонија според насоките од INSPIRE “.
Основната тема на конференцијата беше разгледувањето на развивањето на Национална инфраструктура за просторни податоци во Република Македонија според насоките на INSPIRE со употреба на ГИС технологија. На тој начин технологијата, критериумите и стандардите за размена на просторни податоци преку интернет ќе им овозможат на сите засегнати, потрошувачи и клиенти побрз, полесен и поедноставен пристап до македонските просторни податоци.
Конференцијата главно се фокусираше на имплементацијата на европските критериуми за организирање на дигиталните просторни податоци и нивното влијание во сите полиња во Македонија, имајќи предвид дека брзата реализација на оваа активност е основен услов за интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
Меѓународна научна конференцијаБеа предложени подобри решенија за најсоодветниот начин за структурирање на официјалните македонски просторни податоци и нивната целосна компатибилност меѓу релевантните институции задолжени за нивно собирање, структурирање, архивирање, ажурирање и анализирање на просторните податоци како нивна правна обврска. Правните аспекти и казните за можните прекршоци беа исто така теми за дискусија.
НИПП е дел од новиот македонски закон за Катастарот, со кој се наметнува обврска за негово прераснување во Агенција за катастарски недвижности
. Научната конференција имаше за цел да ги дефинира основните критериуми за следните чекори, како и да постигне поблиска соработка меѓу релевантните владини институции за нејзиниот развој.
Развивањето и имплементирањето на НИПП според насоките од INSPIRE е тенденција и примарна цел на сите европски институции задолжени за собирање, структурирање, архивирање и ажурирање на просторни податоци.
Учесниците на конференцијата од Управата за заштита на културното наследство, Саша Крстевски и Бурим Амети направија презентација за културното наследство како дел од НИПП структурата во Република Македонија, објаснувајќи ги можностите за вклучување на културното наследство во глобалната геопросторна мрежа на национално и меѓународно ниво.