Управата за заштита на културното наследство, согласно член 49 од Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на Република Македонија” бр. 20/04, 71/04, 115/07, 18/11, 148/11, 23/13, 137/13, 164/13, 38/14, 44/14, 199/14, 104/15, 154/15, 192/15, 39/16, 11/18 и 20/19) изработи Нацрт – Национална стратегија за заштита и користење на културното налседство (2021-2025) кој претставува прв стратешки документ од областа на заштитата и користењето на културното наследство.
Со цел да се обезбеди транспарентност во процесот на донесување на наведениот акт, а имајќи ја предвид состојбата со COVID-19, согласно член 49 став (4) од Законот, Управата за заштита на културното наследство спроведe јавна расправа по електронски пат, за што беше изготвен посебен формулар за изнесување на мислења, коментари, забелешки и/или предлози за негово (до)обликување.
Расправата по Нацрт – Национална стратегија за заштита и користење на културното налседство (2021-2025) беше спроведена во периодот од 25.05. до 21.06.2021 година.
Доставените мислења, коментари, забелешки и/или предлози се споделени со работната група, која што по разгледување на основаните коментари ќе го комплетира завршниот документ.
Управата за заштита на културното наследство, по претходно мислење од Националниот совет за културно наследство, ќе го достави Предлогот за донесување на Национална стратегија за заштита и користење на културното наследство (2021-2025) до Собранието на Република Северна Македонија, согласно член 49 став (1) од Законот.