Управата за заштита на културното наследство во нови простории

Управата за заштита на културното наследство, која е во состав на Министерството за култура, се всели во нов поголем работен простор, во објект на ул. „Павел Шатев“, бр. 3 во Скопје.

Освен новиот простор, вработените во Управата добија и комплетно нова работна опрема.

Особено се екипира и одделот во кој стартуваше оформувањето на дигиталниот катастар на културното наследство вклучувајќи го и археолошкото наследство на Република Македонија, за чија реализација во февруари беше изработена и доставена до Управата физибилити-студија врз чија основа очекуваме во најскоро време да се внесат најзначајните културни добра врз катастарска основа.

Имајќи ги предвид релативно ограничените услови на досегашните можности во однос на актуелните високо специјализирани човечки ресурси, потоа специфичниот карактер на активностите во заштитата на полувалентниот спектар културни добра, од археологијата преку архитектурата, етнологијата, историјата на уметноста, нематеријалните вредности, Управата за заштита на културното наследство премина во поголем простор, опремен со дополнителна дигитална опрема.

 

 

Bookmark the permalink.

Comments are closed