Управата за заштита на културното наследство по трет пат го претстави домашното културно наследство на Меѓународниот саем за културно наследство, кој се оддржи од 2-ви до 5-ти ноември во престижниот амбиент на музејот Лувр во Париз.
Темата на годинешното издание на еден од најзначајните саеми од ваков вид, се реализираше по 23-ти пат, беше „Културното наследство и туризомот“.
На македонскиот штанд беа изложени публикации од познати археолошки локалитети, цркви и џамии во издание на Управата, а имаше и кратка видео презентација за домашното културно богатство. Станува збор за научно-популарните публикации од проектот „Најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство на Р. Македонија“, во чии рамки беа публикувани 30 публикации, меѓу кои и за Скупи, Скопско Кале, Стибера, Хераклеја Линкестис, Манастирот Трескавец, Св. Пантелејмон во Незери, Манастир Зрзе, Шарената џамија во Тетово и други.
Покрај изложбениот дел, ораганизаторите најавуваат работилници и конференции во чии фокус беше искористувањето на потенцијалот на културното наследство во културна промоција на земјите излагачи.
На листата земји учеснички на 23. Меѓународниот саем за културно наследство во француската метропола, се најдоа и Геманија, Белгија, Кина, Португалија, Италија, Швајцарија, Холандија и други земји. Меѓународниот саем за културно наследство Париз е еден од најреномираните саеми за културно наследство во Европа кој традиционално се оддржува во Лувр повеќе од дваесет години.
Со почит,
Управа за заштита на културното наследство