На ден 4.9.2023 година во просториите на Управата за заштита на културното наследство се одржа работен состанок по повод остварување заедничка соработка помеѓу Управата за заштита на културното наследство, од една страна, и Универзитетот Сапиенца во Рим и непрофитната организацијата Униадрион, од друга.
На состанокот присуствуваа м-р Зоран Павлов- директор на УЗКН, м-р Данче Ристовска Костадинова- советник за билатерална и мултилатерална соработка во УЗКН и м-р Ана Алексова Тутковска- Помлад соработник за меѓународна помош и соработка во УЗКН. Италијанската делегација беше претставена од проф. д-р Паоло Карафа- заменик-ректор за археолошко наследство при Универзитетот Сапиенца во Рим и проф. д-р Андреа Перна- генерален секретар на Униадрион која е транснационална асоцијација на италијански и странски универзитети и истражувачки центри со седиште на Политехничкиот универзитет Марке во Анкона.
Тема на разговор беше професионалната соработка и размена на знаења преку заеднички едукативни и истражувачки активности, обуки од повеќе области на културното наследство, како и конкретни начини на имплементација на стекнатите знаења од овие обуки со цел да се овозможи подобро функционирање на институциите чија дејност е поврзана со заштитата на културното наследство. Обете страни изразија интерес за заедничко учество на меѓународни проекти во иднина како резултат на продлабочената соработка.