Во Музејот на Македонија вчера беше отворена археолошка изложба во организација на Управата за заштита на културното наследство а во координација со Владата на Република Македонија која ги обезбеди финансиските средства за истражувањата од областа на археологијата во 2008 година.
Изложбата „Македонската археологија 2008“ ја отвори премиерот Никола Груевски кој во својот говор истакна: „Владата на Република М акедонија застана зад овие капитални истражувачки зафати затоа што верува дека во археолошките локалитети и другите културно-историски вредности првенствено опстојуваат фундаменталните основи на денешното и на идното време. Секој изложен експонат го открива духот на нашето минато, но најмногу говори за историјата, длабоката традиција и спецификите на овие простори“. Владата на Република Македонија, ќе продолжи и понатаму силно да ја поддржува културата и во 2009 година, како што рече премиерот Груевски, предвидено е да се работи на 15-ина локалитети, од кои целосно треба да бидат истражени локалитетите Марвинци, Хераклеја и скопското Кале, а во период од три години и Стоби.
На изложбата беа презентира ни резултатите од археолошките истражувања во: Скупи, Таор, Стоби, Стибера, Хераклеја, Плаошник, Енгелана, некрополите на Марвинци, Вардарски Рид, Цареви Кули, В иничко Кале, Исарот – Штип, Баргала – Штип , Кастелото кај Кожле и тетовско Кале.
Дел од о ткриените артефакти на локалитетите се изложени во Музејот на Македонија и привлекоа голем број заинтересеирани посетители, (археолози и вљубеници во археологијата).
На отворањето на изложбата се обратија и директорката на Музејот на Македонија, Мери Пејоска-Аницин, како и директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман кој во својот говор истакна: “Ако некој постојано те напаѓа и мочурлави, ти врати му со услуга. Тој пат е единствената надеж да се уништи македонскиот синдром на самоуништувањето. Ако така работиме упорно, може да се надеваме дека ќе ја искорениме меѓусебната омраза, дека ќе успееме да бидеме единствени барем во круцијалните прашања за нашата држава, за нашата татковина”, Паско Кузман исто така најави нова археолошка офанзива во 2009 година во Република Македонија.
На археолошките наоѓалишта годинава работе а околу две и пол илјади луѓе и околу 400 стручни лица, археолози, историчари на уметноста, конзерватори .