По иницијатива на Управата за заштита на културното наследство донесен е Правилникот за критериумите, условите и начинот на вршење на валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство, содржината на елаборатите и начинот на обезбедување на ревизијата, објавен во Сл. Весник на РСМ бр. 44/2021.
Со Решение на директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов, формирана е работна група која го изработи Правилникот за критериумите, условите и начинот на вршење на валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство, содржината на елаборатите и начинот на обезбедување на ревизијата е изработен од работна група, во состав:
д-р Јулија Тричковска, претседател
д-р Мирјана Мирчевска, (ПМФ Институт за етнологија и антропологија), член
д-р Пере Аџанлиев, НУ Археолошки Музеј на РС Македонија,
м-р Весна Илиевска (Министерство за култура), член
Јасминка Николиќ Новаковиќ (Национален Конзерваторски центар-Скопје), член
Цветанка Хаџипецова (Национален Конзерваторски центар-Скопје), член
Валентино Димитровски (Управата за заштита на културното наследство), член
м-р Зоран Павлов (Управата за заштита на културното наследство) , координатор.
Правилникот за критериумите, условите и начинот на вршење на валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство, содржината на елаборатите и начинот на обезбедување на ревизијата, може да биде прземен од веб страната на Управата во делот Легислатива-Правилници, точка 25.