По иницијатива на Управата за заштита на културното наследство донесен е Правилникот за содржината и методологијата за изработка на заштитно-конзерваторските основи за културното наследство, објавен во Службен весник на РСМ бр. 113/2021.
Со Решение на директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов, формирана е работна група која го изработи Правилникот за содржината и методологијата за изработка на заштитно-конзерваторските основи за културното наследство, во состав:
д-р Јулија Тричковска, претседател
д-р Миле Велчовски, (Национален Конзерваторски центар-Скопје), член
м-р Весна Илиевска (Министерство за култура), член
м-р Цветанка Хаџипецова (Национален Конзерваторски центар-Скопје), член
м-р Билјана Јовановска (Управата за заштита на културното наследство), член
м-р Снежана Герасимовска Матевска
Лилјана Китановска (НУ Конзерваторски центар-Скопје), член
Тања Мишковска (Национален Конзерваторски центар-Скопје), член
м-р Зоран Павлов (Управата за заштита на културното наследство) , координатор.
Правилникот за содржината и методологијата за изработка на заштитно-конзерваторските основи за културното наследство, може да биде прземен од веб страната на Управата во делот Легислатива-Правилници, точка 27.