Објавен од : www.mrt.mk
Промовирани 15 изданија, на македонски и на англиски јазик за популаризирање на домашното културно и природно наследство. Ќе бидат достапни во малопродажба и во музејските продавници. Ресорното министерство најави изработка на Стратегија за заштита на вредното богатство..
Промовирани се 15 нови изданија од едицијата „Најзначајните вредности на културното и и природното наследство на Република Македонија“. Десет на македонски и пет на англиски јазик.
Во повеќегодишниот проект на Управата за заштита на културното наследство се планирани 130 монографски публикации за најзначајните археолошки локалитети, сакрални објекти и природни богатства.
Со последните преводи, бројот на наслови од оваа едиција достигна 45, авторите се обидувале на разбирлив јазик да направат четиво за пошироката публика.
Според министерот Алаѓозовски, целта е да се афирмираат многубројните и бесценети културно- историски знаменитости.
Во наредниот период ќе се изработува стратегија и нова модифицирана законска рамка за заштита на културното наследство со која, според Алаѓозовски, нашиот богат културен трезор ќе стане препознатлив за жителите на Европа и на светот.