Од 4 до 8 ноември, 2008 година во Истанбул, Република Турција, се одржа третиот редовен состанок на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство. На средбата на која присуствуваа членовите на меѓувладиниот комитет, претставници од земјите членки на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство и претставници од невладини организации, беа разгледани и донесени заклучоци за:
• Вклучување на 90 добра прогласени во 2001, 2003 и 2005 година за „Ремек дела на усното и нематертијалното наследство на човештвото” во „Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото”;
• Прифаќање на Документ за оперативните насоки за употреба на амблемот на Конвенцијата;
• Прифаќање на Документ за оперативните насоки за достапност на Конвенцијата;
• Оперативните насоки за начините на зголемивање на изворите за Фондот за нематеријалното наследство;
• Акредитацијата на невладините организации за обезбедување на советодавни услуги на Комитетот;
• Процедурата за испитување на номинациите на добрата за Листата на УНЕСКО за итна заштита на нематеријалните добра и на барањата за меѓународна помош;
• Воспоставувањето помошно тело за испитување на номинациите за Реперезентативната листа;
• Правилата за прифаќање на набљудувачи на состаноците на Комитетот .
На крајот од состанокот беа избрани членовите на Бирото за четвртиот состанок на Ко митетот , како и одреден датумот и местото на неговото одржување .
На овој состанок од Македонија присуствуваа : м – р Зоран Павлов , раководител на Секторот за документација , меѓународна соработка и општи работи и Валентино Димитровски , раководител на Одделението за движно културно наследство од Управата за заштита на културното наследство , како и Бошко Ангеловски од Министерството за култура .