Ѓурѓовденските обичаи кај Македонците и кај етничките заедници во земјава, како кај Албанците, Ромите, Власите и Турците добија статус на културно наслество од особено значење
Владата на Република Македонија донесе одлука за прогласување на тринаесет духовни културни добра за културно наследство од особено значење. Седум од нив имаат исклучително значење, категорија која има највисока национална вредност, додека останатите шест добра се со големо значење. Меѓу фолклорните добра кои добија статус на културно наследство од највисокото, исклучително значење, се: ѓурѓовденските обичаи, кои, освен кај Македонците, се празнуваат и кај етничките заедници во земјава, како кај Албанците, Ромите, Власите и Турците (Х’дерлез), и тоа на различен специфичен начин.
tПознатото „Лазарското пеење“, како и „Празнувањата на Водици во Охрид“, исто така добија статус на културно наследство од исклучително значење. „Јуначите песни“, „Обичаите за раѓање“, „Песните за принесување жртва“, „Преданијата за кралот Марко“, „Свадбените обичаи“ и „Стапувањето во брак кај Албанците“, сите со традиција во Република Македонија се прогласени за културно наследство од големо значење.