УЗКН стана партнерска институција на проектот АРИАДНЕплус

На 09.06.2021 година, Управата за заштита на културното наследство, претставувана од директорот Ацо Костов, и Франко Николочи, координатор на проектот АРИАДНЕплус, потпишаа договор за соработка со што Управата стана партнерска институција на проектот. АРИАДНЕплус претставува истражувачка инфраструктура финансирана од Европската комисија, која обединува конзорциум од 41 истражувачка институција, организации за заштита на културното наследство, музеи и здруженија. Цел на проектот е поголема интеграција на археолошки репозиториуми на ниво на Европа. Во склоп на проектот е креиран каталог каде се внесени податоци кои вклучуваат необјавени извештаи, слики, карти, бази на податоци и друг вид на археолошки информации достапни преку интернет. Сето наведено, ги прави археолошките групи на податоци лесно достапни за истражувачите, менаџерите на културното наследство, професионалците и граѓаните. Во оваа фаза од проектот, Управата учествува во заедничко организирање и активно учество на работилници поврзани со АРИАДНЕплус проектните активности.

Повеќе информации за проектот може да најдете на следниве линкови:

https://ariadne-infrastructure.eu/

https://ariadne-infrastructure.eu/associate-partners/

Bookmark the permalink.

Comments are closed