Учество во Меѓународна конференција по повод Европските денови на културното наследство

Во периодот од 00-22.09.2025 година во Охрид се оддржа Меѓународна конференција по повод Европските денови на културното наследство.

Во оваа прилика директорката Весела Честоева ја истакна улогата на Управата за заштита на културното наследство како една од клучните институции во зачувувањето на Охридскиот Регион, чија универзална вредност е препознаена од УНЕСКО.

Оваа конференција претставуваше можност да се потсетиме дека културното наследство не е само сведоштво за минатото, туку жива врска што нè обединува, ни дава идентитет и ни отвора пат кон иднината. Секој објект, секој споменик, секоја традиција или занает е дел од мозаикот на европската културна разноликост.

Во време кога предизвиците се бројни – од урбанизација и климатски промени, до глобализација и миграции – нашата заедничка обврска е да го зачуваме и промовираме културното наследство како ресурс за образование, туризам, локален развој и, пред сè, како мост за меѓусебно разбирање.

Македонија со гордост учествува во оваа европска иницијатива, носејќи ги своите уникатни вредности, но и дел од заедничката визија за културна Европа која почива на почитување, солидарност и соработка.
Оваа конференција беше инспирација за нови партнерства, за размена на знаења и заеднички проекти кои ќе овозможат нашето културно наследство да остане живо и достапно за идните генерации.

Bookmark the permalink.

Comments are closed