Јавен оглас за вработување на 3 (три) лица преку засновање на работен однос на определено време

 

Врз основа на член 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работни односи (Сл. Весник 62/05, 106/08,161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18, 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), в.в. со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. Весник 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18, 143/19, 14/20 и 208/24), а согласно Известување бр.19-6719/2 од 26.06.2025 година за обезбедени финансиски средства од страна на Министерство за финансии,  Управата за заштита на културното наследство објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 01/2025
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ HA 3 (ТРИ) ЛИЦА  НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ 

Управата за заштита на културното наследство  објавува јавен оглас за вработување на 3 (три) лица преку засновање на работен однос на определено  време за следните работни места:

 

  1. Реден број на работно место: 7, Шифра на работно место: УПР 01 01 В04 000, назив на работно место: Помлад соработник за архитектонско културно наследство-Архитект, број на извршители: 1 (еден) извршител Работни денови:од понеделник до петок, Работни часови неделно: 40, Работно време: 07:30/08:30 до 15:30/16:30, Паричен нето износ на плата: 31.639,00  денари,

 

      Кандидатот покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е :

  • Да има завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Историја на уметност или градежништво и водостопанство или архитектура, урбанизам и планирање.
  • да има познавање на англиски јазик;
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • со или без работно искуство во струката

 

  1. Реден број на работно место: 84, Шифра на работно место: УПР 01 01 В04 000, назив на работно место: Помлад соработник за персонална евиденција, број на извршители: 1 (еден) извршител Работни денови: од понеделник до петок, Работни часови неделно: 40, Работно време: 07:30/08:30 до 15:30/16:30, Паричен нето износ на плата: 31.639 ,00 денари денари,

Кандидатот покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е :

 

  • Да има завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, вид на образование: Општествени науки: Економија и бизнис,
  • да има познавање на англиски јазик;
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • со или без работно искуство во струката

 

  1. Реден број на работно место: 75, Шифра на работно место: УПР 04 03 А02 001, назив на работно место: Возач, број на извршители: 1 (еден) извршител, Работни денови:од понеделник до петок, Работни часови неделно: 40, Работно време: 07:30/08:30 до 15:30/16:30, Паричен нето износ на плата: 26.639,00 денари денари,

 

      Кандидатот покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е :

  • Завршено средно образование
  • со или без работно искуство во струката
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Општи услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите :

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен ,
  • да има општа здравствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

 

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или во копија заверена кај  нотар

 

  1. Пријава која кандидатите можат да ја подигнат од Архивата на Управата или на веб страната на Управата,
  2. Кратка биографија,
  3. Кратко мотивациско писмо,
  4. Доказ за државјанство на Република Северна Македонија;
  5. Доказ за општа здравствена способност за работното место;
  6. Доказ дека со правосилна судска пресуда не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност,
  7. Уверение/диплома за завршен степен на образование,
  8. Доказ за познавање на англиски јазик (само за работните места 1 и 2),
  9. Доказ за работно искуство,
  10. Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење (само за работните места 1 и 2).

 

Кандидатите се должни да ја пополнат пријавата во целост, со точни податоци и истата заедно со наведените документи да ја достават во оригинал или копија заверена на нотар, до Архивата на Управа за заштита на културното наследство на Ул.„Павел Шатев„ бр. 3, 1000 Скопје, во затворен плик со назнака за јавен оглас бр. 01/2025 или по пошта на Ул.„Павел Шатев„ бр. 3, 1000 Скопје.
Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.
Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат .

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, согласно  член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време заклучно до 31.12.2025 година.
 Управа за заштита на културното наследство

Пријавата за огласот превземете ја тука

Bookmark the permalink.

Comments are closed