ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ – НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА И КОРИСТЕЊЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО (2021-2025) (НЕАКТИВНО)

Според законски утврдените надлежности Управата за заштита на културното наследство подготви Нацрт – Национална стратегија за заштита и користење на културното налседство (2021-2025) кој претставува  прв стратешки документ од областа на заштитата и користењето на културното наследство кој е достапен на стручната и пошироката јавност.

Со цел да се обезбеди транспарентност во процесот на донесување на наведениот акт, а имајќи ја предвид состојбата со COVID-19, Управата за заштита на културното наследство спроведува јавна расправа по електронски пат за што е изготвен посебен формулар за изнесување на мислења, коментари, забелешки и/или предлози за негово (до)обликување. Секое аргументирано изнесено мислење ќе биде споделено со работната група којашто го изготви документот и која што по разгледување на основаните коментари ќе го комплетира завршниот документ.

Mислења, коментари, забелешки и/или предлози по одредени поглавја во Нацрт – Национална стратегија за заштита и користење на културното налседство (2021-2025)  може да се доставуваат најдоцна до 21.06.2021 година.

Јавната расправа е завршена на 21.06.2021

Bookmark the permalink.

Comments are closed