Oдбележувањето на 70 години од Европската културна конвенција на Советот на Европа со наслов “Македонското наследстсво на вмреженоста и поврзаноста”

Во чест на одбележувањето на 70 години од Европската културна конвенција на Советот на Европа со наслов “Македонското наследстсво на вмреженоста и поврзаноста” како дел од манифестацијата “Денови на Европското наследство 2024 година” Управата за заштита на културното наследство во соработка со Министерството за култура и туризам и Канцеларијата на ЕУ во Скопје ја организираат оваа конфереција се со цел подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничко европско наследство.

 

Европските денови на културното наследство преставуаат долгогодишна манифестација, започната од Советот на Европа во 1985 година, а веќе од 1999 година оваа манифестација е препознаена и од Европската Унија, а со тоа, овие денови се пранзуваат во 50 земји членки низ Европа од страна на 800 милиони европјани.

Оваа конвениција која денес слави 70 години е усвоена во Париз 1954 година, а стапила на сила во мај 1955 година. Широката платформа што ја нуди конвенцијата освен култирното наследство ја опфаќа и креативната и уметничката слобода на творење, Република Македонија се приклучи кон ова одбележување во 1996 година.

Преку манифестацијата “Европските денови на културното наследство”, културата е се поблиску до пошироката јавност и добива видловост.

Оваа година културните добра го добија своето заслужено место своето заслужено место на тој начин што Европската комисија најавува дека европското културно наследство во наредните години ќе биде приоритет во креирањето на културните политики. Четирите тематски целини: вмреженост, одржливост, дигитализација на културното наследство и миграциските движења во свето, се главните постулати на кои се темели овогодишната програма на Европската година на културното наследство.

Се очекува сеевропската тема “Оджливо наследство, вмрежување и повторување” да поттикне анализи и иновативни процеси во областите на дигитализацијата на културното наследство, загрозеноста од климатските промени и миграциските движења во светот со што се соочуваат денешните и идните генерации.

Oвој настан кое е дел од одбележувањето на 20 годишнината од формирањето на Управата за заштита на културното наследство, преставува момент за приклучување во одбележувањето на истиот.

Во текот на изминатите децени Управата за заштита на културното наследство се движеше низ динамични општествени промени и глобални предизвици, премрежија кои имаа свое влијание како врз состојбата, така и врз третманот на културното наследство. Во светот каде културното наследство се соочува со постојани закани и предизвици, останавме посветени на неговата заштита и одржување на аветнтичноста. Нашите напори се протегаат пошироко  одколку самото зачувување. Тие опфаќаат активно ангажирање, промоција и одржливо управување со нашите културни добра.

Воедно, континуирана соработка со останатите институции одговорни за заштита и упавување со културното наследство, вклучувајќи ги Министерството за култура и туризам, музеите, заводите за заштита, конзерваторските центри, библиотеките, Кинотеката и другите релевантни тела, се од суштинско значење на нашиот успех. Преку партнерства и заеднички иницијативи, континуирано се стремиме кон зголемување  и подобрување на нашите капацитети и ресурси за зачувување и промовирање на нашите културно добра.

Остануваме посветени во исполнувањето на целите на заштитата во насока на враќање, зајакнување на сите функции на Управата за заштита на културното наследство за подобра заштита и промоција. Заедно, да го заштитиме и негуваме нашето културно добро за сегашните и за генерациите кои доаѓаат.

Bookmark the permalink.

Comments are closed