Денес директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, се обрати на меѓународната конференција – Вештачка интелегенција , сајбер безбедност и идните вештини преку заштитата и дигитализацијата на културното наследство .
“Vision 2040: AI, Digitalization in HE’s Education, Cyber Securuty & Future Skills for Europe’s WBC Next Generation Employment” во организација на International University Europa Prima, во соработка со Academia Balkanica Europeana and the ACRID Network, под под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицковски, а одржана во чест и по повод потпишувањето на „Скопска декларација за вештачка интелигенција, образование и дигитална трансформација“ на годишнината од доделувањето на титулата почесен доктор на кауза на г-дин Крис Павловски.
Директорката Весела Честоева ги истакна ставови како директор на Управа за заштита на културното наследство дека Дигитализацијата на културното наследство не е само национален проект , туку и европска обврска до 2040 година. Македонија може да биде дел од единствена дигитална културна платформа каде дигитализираните артефакти од сите земји ќе бидат достапни за истражување и образование.