Почитувани посетители,
Управата за заштита на културното наследство во својство на правно лице и орган во состав на Министерството за култура и туризам е централна институција во единствениот национален и интегриран правен систем за заштитата на културното наследство.
Согласно својата организациона поставеност, УЗКН управува и ги спроведува административните и стручните постапки во процесите на идентификација, валоризација, заштита и користење на културното наследство и националното богатство на Македонија.
Во изминатите две децении, УЗКН помина низ исклучително динамични општествени процеси, подеми и падови, кои оставија сериозни состојби во делот на заштитата на културното наследство во нашата земја.
Постојаните закани и предизвици налагаат сериозна посветеност и активно ангажирање, воедно и континуирана соработка со мрежата на останатите институции одговорни за заштитата и управувањето со културното наследство, вклучувајќи го Секторот за заштита на културно наследство при Министерството за култура и туризам, заводите, музеите конзерваторските центри, библиотеките, Кинотеката и другите овластени субјекти за заштита на нематеријалното културно наследство, како и невладиниот сектор и другите национални тела вклучени во оваа дејност.
На заштитата и негувањето на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство, гледаме како на дел од свесната артикулација на колективната национална меморија во областа на културата и туризмот.
Со градење доверба и партнерство, преку целосна транспарентност, остануваме посветени во намерите своите институционални и човечки капацитети да ги ставиме во функција на унапредување на заштитата и промоцијата на културното наследство како темелна државна вредност која треба да ја пренесеме на идните генерации.
Со почит,
Весела Честоева
в.д. Директор