Отворена работилницата на тема „ Борба против недозволената трговија со културни добра на Западен Балкан„

Денес имав можност да ја отворам работилницата на тема „ Борба против недозволената трговија со културни добра на Западен Балкан„ – проект финансиран од Европската комисија а спроведен од УНЕСКО . Во моето обраќање истакнав дека Управа за заштита на културното наследство се движеше низ динамични општествени промени и глобални предизвици, премрежија кои имаа свое влијание како врз состојбата, така и врз третманот на културното наследство. Во светот каде културното наследство се соочува со постојани закани и предизвици, останавме посветени на неговата заштита и одржување на аветнтичноста. Нашите напори се протегаат пошироко одколку самото зачувување. Тие опфаќаат активно ангажирање, промоција и одржливо управување со нашите културни добра. Сите овие законнски надлежности подразбираат спречување на незаконски дејствија против културното наследство и намалување на можностите за појава на ризик од таквите дејствија како што се недозволените ископувања и ненаучните археолошки истражувања, намерното оштетување и уништување, кражбите, присвојувањето, прикривањето, затајување, нелегалниот извоз, нелегалната трговија и други инкриминирани дејствија насочени против археолошкото наследство.Нашиот модел на безбедносна заштита подразбира и активна соработка со полицијата, царинската управа, инспекциите, јавното обвинителство и другите надлежни органи и служби.

Остануваме посветени во исполнувањето на целите на заштитата во насока на враќање, зајакнување на сите функции на Управата за заштита на културното наследство за подобра заштита и промоција.
На отворањето на работилницата, присутните ги поздравија и државната секретарка во Министерство за култура / Ministria e Kulturës Г- ѓа Марија Станчевска Ѓоргова и Алма Мрган-Слипичевиќ од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа

Тридневната работилница е посветена на градење капацитети за подобрување на законодавните рамки за културното наследство за различните категории на клучни институционални партнери и други национални чинители. Присутни се домашни експерти, претставници од: Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за внатрешни работи (т.е. полициската служба), Царинската управа, Јавното обвинителство и судството, како и стручни лица вработени во заводите, музеите, галериите, конзерваторските центри и експерти од релевантните невладини организации.

Bookmark the permalink.

Comments are closed