Работилница за изработка на детски мартинки се одржа во битолската библиотека

Објавен од : Алфа мк

Еднодневна работилница за изработка на традиционални детски мартинки денеска се одржа во НУ УБ „Св. Климент Охридски“-Битола, на која учествуваа ученици од ОУ „Даме Груев“ од Битола со нивната наставничка Нела Неделковска, Ивона Опетческа Татарчевска, од Управата за културно наследсво и Јануша Лазиќ, ракотворка на мартинки.

2 martinki

Настанот е дел од годишната програма на Управата за културно наследство, која под слоганот „ Нашетот наследство-Европски вредности“ и под мотото „Кон споделена одговорност за заштитат на културното наследство“ се приклучува во одбележувањето на Европската година на културно наследство 2018.

Со одлука на Европскиот парламент и Советот на Европа, оваа година е прогласена за Европска година на културното наследство, а целта на оваа европска иницијатива е да го промовира значењето на културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности.

-Управата за културно наследство на РМ организира серија активности и настани за едукација, заштита и популаризација за нашето материјално и нематеријално културно наследство коишто ќе бидат и јавно презентирани. Предвидените активности и проекти опфаќаат неколку теми со посебно внимание на вклученоста на населението од најразлична возраст во зачувување на културното наследство, одржливоста на културното наследство во процесот на транзиција во туризмот сл., рече Ивона Опетческа Татарчевска, од Управата за културно наследсво

Во годишната програма, месецот март е именуван како Месец на мартинките -нематеријално културно добро кое во декември 2017 година беше впишано на УНЕСКО Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото како дел од заедничка номинација на четири земји (Романија, Молдавија, Македонија и Бугарија).

-Библиотеката се приклучува кон одбележувањето на Европската годна на културното наследство, а за годинава е предвидена богата програма , што значи ќе имаме можност да проследиме настани и во Битола. Денеска имаме можност да ги запознаеме и нашите најмлади со дел од таа програма, изјави Јелена Петровиќ, директор на НУ УБ „Св. Климент Охридски“-Битола.

На работилницата во Битола најмладите беа запознати со тоа што значи нематеријалното културно наследство, што претставуваат мартинките кои се впишани во УНЕСКО , како и краток филм посветен на мартинките.

Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

+ 28 = 34