Делегација од Управата за заштита на културното наследство предводена од директорот м-р Зоран Павлов, на 19.04.2024 година, оствари посета на културните институции во Крива Паланка кој е Град на културата за 2024 година.
Делегацијата оствари средби со директорот на локалната установа ,,Градски Музеј“ и со директорот на НУ Центар за култура Крива Паланка. На средбите беа презентирани и дискутирани тековните активности на институциите, како и можностите за склучување идни соработки.
Во оваа прилика на директорите на институциите им беа донирани публикации кои го презентираат и илустрираат нашето богато културно наследство и се во издание на Управата за заштита на културното наследство, во рамките на донаторската акција која се спроведува како дел од активностите за одбележување на 20 годишнината од основањето на Управата за заштита на културното наследство.
Голем дел од публикациите се достапни за бесплатно преземање во електронска форма од веб-страната на Управата – од сегментот ,,ПУБЛИКАЦИИ“.