Делегација од Управата за заштита на културното наследство во посета на културните институции во Крива Паланка – Град на културата 2024

Делегација од Управата за заштита на културното наследство предводена од директорот м-р Зоран Павлов, на 19.04.2024 година, оствари посета на културните институции во Крива Паланка кој е Град на културата за 2024 година.

Делегацијата оствари средби со директорот на локалната установа ,,Градски Музеј“ и со директорот на НУ Центар за култура Крива Паланка. На средбите беа презентирани и дискутирани тековните активности на институциите, како и можностите за склучување идни соработки.

Во оваа прилика на директорите на институциите им беа донирани публикации кои го презентираат и илустрираат нашето богато културно наследство и се во издание на Управата за заштита на културното наследство, во рамките на донаторската акција која се спроведува како дел од активностите за одбележување на 20 годишнината од основањето на Управата за заштита на културното наследство.

Голем дел од публикациите се достапни за бесплатно преземање во електронска форма од веб-страната на Управата – од сегментот ,,ПУБЛИКАЦИИ“.

Bookmark the permalink.

Comments are closed