Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура во соработка со европскиот конзорциум ДАРИАХ – ЕРИК (Дигитална истражувачка инфраструктура за уметност и хуманистички науки – www.dariah.eu) на 24.10.2017 во просториите на Центарот за конференции и студии при НУБ „Св. Климен Охридски“ – Скопје организираа Инфо ден на тема: Градење на одржлива дигитална инфраструктура за институциите од областа на заштитата на културното наследство. На оваа работилница беа присутни 82 учесници од 41 институција од заштитата на културното наследство и музеите од Скопје и републиката . Беа поканети и претставници од Министертството за култура на Р.М.
Претставниците на Националната мрежа на ДАРИАХ од Република Хрватска (www.dariah.hr) д-р Кораљка Кузман-Шлогар од Институтот за етнологија и фолклористика од Загреб , раководител на Дигиталниот Архив и д-р Тихомир Живиќ раководител на Катедрата за културологија при Универзитетот во Осиек, ги споделија искуствата и можностите кои на
Република Хрватска и се отворија преку овој европски конзорциум за вмрежување на институции од хуманистичкитеа дејности. Програмата е финансирана преку проектот Erasmus на европската комисија. На работилницата преку видео конференциска врска свои презентации одржаа и д-р Марко Рацити, менаџер на канцеларијата на ДАРИАХ во Берлин кој со учесниците го сподели историјатот, мисијата и визиите на конзорциумот, како и можностите за зачленување на македонските институции во оваа мрежа на дигиталната хуманистика.
На инфо денот со свои презентации учествуваа Христијан Црнковиќ од приватната компанија за информатичка технологија АРХИВ-ПРО од Загреб , м-р Жаклина Ѓалевска НУБ „Св. Климент Охрдиски“ – Скопје а Бранко Павловски, Бурим Амети и Дончо Наумовски од Управата за заштита на културното наследство ги сумираа резултатите од повеќегодишниот процес на дигитализација на документациите на УЗКН.
Ваков инфо ден бил организиран и во Босна и Херцеговина, како и во Р. Србија која е член на овој конзорциум за дигитализација од основањето.
Од хрватската страна инфо денот е оценет како многу успешен и воедно се појавува нужноста Р. Македонија да се приклучи кон конзорциумот како земја посматрач без финансиски реперкусии. Во однос на тоа прашање очекуваме позитивен одговор од Министерството за култура на Р. Македонија.