А.Ш.(56) од село Мрзенци, Гевгелија и З.М.(55) од Гевгелија заработиле кривични пријави поради присвојување на културно наследство. С танува збор за повеќе вредни предмети кои потекнуваат од римскиот период пред почетокот на 3 век п . н . е.
По добиени те сознанија за недозволено присвојување на културни добра претрес бил извршен и во домот на З.М во Гевгелија каде биле пронајдени еден камен фрагмент со изгравиран релјеф, метален сад, метална чаша со изгравиран релјеф, метална игла со изгравиран релјеф на рачката во долниот дел, седум керамички фрагменти од два сада, метален предмет со апликација во форма на глава од змија, девет фрагменти од монистри, привезок со тристрана форма, тока од ремен, два метални привезоци и други предмети. Според З.М. дел од предметите ги пронашол при копање на шупа во село Сермелин, а дел ги купил од лице од село Миравци пред околу 15 години. Пронајдените предмети кои се од непроценлива археолошка и историска вредност, со потврда привремено се одземени од А.Ш и З.М, и се доставени на вештачење и стручна анализа во Управата за заштита на културното наследство при Министерство за Култура. Против осомничениот З.М., од страна на полицијата и досега биле поднесувани кривични пријави за истите дела, додека А.Ш. бил познат на полицијата по друг вид на криминал. |
Присвојување на културно наследство
Bookmark the permalink.