Oбука во Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство

Идентификувајќи ја потребата од обука во областа на дигитализацијата на културното наследство , а во рамките на активностите за функционирање на Центарот за дигитализација на културното наследство ( кој со финансиска поддршка на Италијанската влада и супервизија на канцеларијата за култура на УНЕСКО БРЕСЦЕ од Венеција е отворен во Скопје ), во периодот од 10-19.09.2008 година се одржа првата сесија од обуката за дигитализација на културното наследсто . Обуката , чија намена беше воведување на учесниците во клучните прашања поврзани со дигитализацијата и дигиталниот пристап до културното наследство , ја посетуваа 20 стручни лица од институциите за заштита на културното наследство , библиотеки и музеи во Македонија . Беа опфатени повеќе теми кои се однесуваат на управувањето со процесот за дигитализација , техничките упатства за креирање на дигитални содржини за културното наследство , терминологија и основни концепти , зачувување на слики , формати на фајлови , клучни прашања за дигитално зачувување , инструменти и методи за дигитализација на културното наследство ( селектирање на материјалот за дигитализација , системи за дигитализација , планирање на развивање на база на податоци , употреба на I – софтвер ) и др .
Обуката која беше реализирана во соработка со стручни лица на Минерва и предавачи од Италија – стручни во својата област , овозможи да се изврши проценка и да се согледа моменталната состојба во областа на дигитализацијата на културното наследство во институциите за заштита во Македонија .

Како „ проектна задача ” на крајот од обуката беше побарано од учесниците , секој во својата институција , да отпочнат со процесот на дигитализација и полнење на веќе постојната база на податоци како еден од основните начини за формирање на заедничка база на податоци на културното наследство на Република Македонија .

Во наредниот период се предвидува да биде реализирана обука и за претставници од институциите за заштита од земјите во Југоисто  чна Европа со што ќе биде потенцирана регионалната димензија на Центарот за дигитализација .

Bookmark the permalink.

Comments are closed