ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Европска година на културното наследство 2018

Работилница

Бизнис планирање за рехабилитација на недвижни културни добра

Датум и место на одржување: 8 јуни 2018 год. / Центар за конференции и студии во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје.

Организатор: Управа за заштита на културното наследство

Опис

Под слоганот Нашето наследство – Европска вредност и мотото Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство, Управата за заштита на културното наследство со своја годишна кампања се придружи кон прославување и одбележување на Европската година на културното наследство 2018.

Во рамките на оваа кампања, организираме работилница за Бизнис планирање за рехабилитација на недвижни културни добра, со која ќе претставиме една исклучително корисна алатка за планирање и управување со недвижното културно наследство во насока на зајакнување на филозофијата за негова рехабилитација и ревитализација и искористување на неговите економски потекцијали, наменета за стручни лица кои се активни во оваа сфера.

Бизнис планирањето за недвижно културно наследство ќе биде претставено според методологија на Советот на Европа развиена во рамките на Регионалниот проект ,,Љубљански процес: рехабилитација на нашето заедничко наследство“ кој се спроведуваше во земјите од Југоисточна Европа во периодот 2006-2014 година со финансиска поддршка од Европската комисија.

Целта на оваа работилница е внесување на нови содржини и приоди за заштита на на културното наследство засновани на неговата (само)одржливот, јакнење на капацитетите на стручните лица од сферата на заштитата и управувањето со недвижното културно наследство за (бизнис) планирање.

Работилницата ќе ја води Кристина Бицева од Управата за заштита на културното наследство, а со свои презентации ќе учествуваат и Христина Микиќ од Групата на Креативна економија и Естела Радоњиќ Живков од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата на Република Србија.

Во рамките на работилницита ќе биде промовирано и македонското издание на публикацијата Бизнис-план за рехабилитација на недвижни културни добра – Прирачник за изработка и спроведување во превод од српски јазик.

Учесници

Работилницата е дефинирана за максимум од 25 учесници, стручни лица од институциите за заштита на недвижното културно наследство (заводите за заштита и конзерваторските центри), локалната самоуправа, професионални здруженија и од граѓанскиот сектор.

Аплицирање

Ве молиме да го пополните приложениот формулар и заедно со комплетно професионално  CV да го испратите на е-адресата: egkn2018@uzkn.gov.mk, не подоцна од 20 мај 2018 година.

*Организаторот го задржува правото за промена на местото и времето на одржување на работилницата, за што учесниците ќе бидат навремено информирани.

Bookmark the permalink.

Comments are closed