Најавените работни средби на стручните служби од Управата за заштита на културното наследство со надлежните институции за заштита на културното наследство во врска со спроведувањето на законски определената активност – ревалоризација на културното наследство, се одржаа на 12.02 и 17.02.2006 година во просториите на Управата. На првата средба присуствуваа преставници од седум надлежни институции за заштита на недвижното културно наследство – заводите за заштита и музеите/конзерваторските центри, а на втората – преставници од дваесет специјализирани јавни институции од областа на музејската дејност.
Врз основа на изготвените работни матерјали за успешно применување на Правилникот за валоризација, категоризација и ревалоризација, според кој ќе се реализира активноста, стручните служби на Управата, заедно со стручните лица кои непосредно ќе учествуваат во процесот на ревалоризација, водеа конструктивни дискусии во контекст на методолошкиот пристап и организација на самиот процес кој треба да се остварува како добро обмислена тимска работа.
Масовната присутнист и плодната тематска расправа се значаен показател за успешно отпочнување на оваа приоритетна активност на Министерството за култура од областа на заштитата на културното наследство.
Ревалоризација на културното наследство
Bookmark the permalink.