Промоција на ,,Дигитални средини за дигитални културни вредности DIENDICURE“ во рамките на Европската година на културното наследство 2018

На 30 ноември 2018 година, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, се одржа промоција на проектот ,,Дигитални средини за дигитални културни вредности (DIENDICURE) – просторна ГИС базирана платформа за напредно ниво на менаџирање и анализа на податоците од централниот регистар на културното наследство“, организирана од страна на ЈНУ Институт за … Прочитај повеќе

Одбележување на 90 годишнината од основањето на музејот во Струга и делото на Д-р Никола Незлобински

Во рамките на одбележувањето  на неделата посветена на 90 годишнината од основањето на музејот во Струга од страна на Д-р Никола Незлобински, лекар ентузијаст,  кој покрај својата основна дејност лечењето ја основал и  природонаучната збирка која е во состав на Народниот музеј, се организираа повеќе настани. На настанот на 30.11.2018 … Прочитај повеќе

Завршен настан на овогодинешните Европски денови на културното наследство во Република Македонија

На 27 ноември 2018 година, во НУ Музеј на Македонија и во нивна организација, се одржа завршниот настан за одбележување на Европските денови на културното наследство во Република Македонија. Свечениот настан беше отворен од страна на директорката на Управата за заштита на културното наследство, д-р Елеонора Петрова – Митевска, која … Прочитај повеќе

Посета на локалитетот “Градиште“ во атарот на селото Младо Нагоричане

Во текот на месец ноември НУ Музеј Куманово изведува сондажни археолошки истражувања на просторот на локалитетот “Градиште“ во атарот на селото Младо Нагоричане, на околу 15 км. североисточно од Куманово. Од досегашните истражувања, кои се започнати пред повеќе години, на просторт на акрополата,откриени се градежни структури досега непознати во кумановската … Прочитај повеќе

Mеѓународен семинар на тема „Живо религиско наследство: партиципативно управување и одржлив развој“ во Киев – Украина

Од 30 октомври до 2 ноември 2018 година во Киев – Украина во организација на Министерството за култура и Национална институција за заштита на историските и културни вредности на Киев – Печерска лавра, а со поддршка на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, се одржа меѓународен семинар на тема „Живо … Прочитај повеќе

Остварена соработка со реномираната меѓународна организација за дигитализација на културното наследство CyArk од Соединетите Американски Држави

Управата за заштита на културното наследство преку Одделението за дигитализација на културното наследство, воспостави професионална соработка со реномираната меѓународна непрофитна организација CyArk од Соединетите Американски Држави, која делува во сферата на заштитата и документирањето на глобалното културно наследство. Во таа насока, од 25 до 30 октомври 2018 год. екипа на … Прочитај повеќе

Едукативни проекции на филмскиот опус на браќата Манаки – првите сниматели на Балканот, за ученици од средните училишта во рамките на Европската година на културното наследство 2018

Од 22 до 26 октомври 2018 година, во рамките на Годишната програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, а по повод 27 октомври, Светскиот ден на аудиовизуелно наследство на УНЕСКО, Управата за заштита на културното наследство организираше едукативни проекции на дигитално реставрираниот филмски опус на браќата Манаки, … Прочитај повеќе

Завршна церемонија по повод успешна реализација на проектот ,,Конзервација на крстилницата од Стоби“

На 24 октомври 2018 година,  на археолошкиот локалитет Стоби, се одржа заврша церемонија по повод успешната реализација на проектот ,,Конзервација на крстилницата од Стоби“, проект финансиран со грант од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство на Соединетите Американски Држави, на која присуствуваше и делегација од Управата за заштита на … Прочитај повеќе

Римска некропола на локалитетот “Гробишта“ селото Раец

На локалитетот “Гробишта“ на потегот на месноста “К ’шла“ во атарот на селото Раец, кавадаречко на 17.10.2018 години претставници на Управата за заштита на културното наследство, беа во работна посета на локалитетот. На посетата присуствуваа, директорот на УЗКН д-р Елеонора Петрова – Митевска, националниот координатор за култура во Владата на … Прочитај повеќе

Меѓународна конференција „Верско наследство – европска оставнина за иднината“

Од 11 до 13 октомври 2018 год., во УНЕСКО во Париз, Франција се одржа меѓународната конференција „Верско наследство – европска оставнина за иднината“ во организација на Future for Religious Heritage, а на која присуствуваа директорката на Управата за заштита на културното наследство д-р Елеонора Петрова – Митевска и м-р Кристина … Прочитај повеќе