Меѓународна конференција за Водата во организација на УНЕСКО

Од 13 до 14 мај 2019 год., во седиштето на УНЕСКО во Париз, се одржа Меѓународна конференција посветена на Водата во организација на УНЕСКО. Конференцијата беше организирана со цел јакнење на меѓусекторската соработка и споделување на добри практики кои овозможуваат вклученост, транспарентност и повеќедисциплинарност во управувањето со водите. На конференцијата … Прочитај повеќе

15 години од основањето на Управата за заштита на културното наследство

Управата за заштита на културното наследство е основана со Законот за заштита на културното наследство од 19 март 2004 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 20/04), а отпочнува со работа на 10 мај 2004 година, денот кога е именуван нејзиниот прв директор. Со овој закон се отвори ново поглавје … Прочитај повеќе

Едукативен час ,,Го сакам и се грижам за моето културно наследство“ во Охрид

Во пресрет на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, на 17 април 2019 година,  во црквата Св.Софија во Охрид, се одржа вториот едукативен час на тема ,,Го сакам и се грижам за моето културно наследство“, во организација на Управата за заштита на културното наследство, а во соработка со ОУ ,,Григор … Прочитај повеќе

Конференција ,,Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско“

Од 11-12 април 2019 година, во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а со поддршка од Град Скопје, се одржува конференција на тема ,,Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско“, на која учествуваат реномирани домашни стручни лица од областа на заштита … Прочитај повеќе

Промовирана публикацијата ,,Културното наследство во Дебарско – Реканскиот регион“

На 20 март 2019 година, во Музејот на Град Скопје, се одржа промоција на публикацијата ,,Културното наследство во Дебарско – Реканскиот регион“, во издание на Управата за заштита на културното наследство, настаната како резултат од активностите спроведени во рамките на Пилот проектот за локален развој на Дебар и Река (ППЛР), … Прочитај повеќе

Одржана работилница ,, Дигитализација на филмското наследство – Етиката во конзервацијата на филмското наследство“ во организација на Управата за заштита на културното наследство

На 4 март 2019 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа работилница на тема ,,Дигитализација на филмското наследство – Етиката во конзервацијата на филмското наследство“, во организација на Управата за заштита на културното наследство во соработка со Кинотека на Македонија, а со финансиска поддршка од инструментот на Европската … Прочитај повеќе

Ден за одбележување на културните практики поврзани со верувањата за 1ви март

На 01.03. 2019 година во просториите на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, се одржа мултимедијален настан со трибина на тема: „Мартинките во мотивите на народните обичаи во балканската традиција“. Настанот беше дел од Годишната програма на општина Радовиш која годинава одбележува јубилеј 1000 години од основањето и од … Прочитај повеќе

Реализирани активности во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

Со Одлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година беше прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа Европска иницијатива беше да го промовира значењето на Европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности. Под слоганот за Годината „Нашето … Прочитај повеќе

Изготвена Нацрт-Национална стратегија за заштита и користење на културното наследство и нејзин Акциски план

Управата за заштита на културното наследство, врз основа на член 49 од Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на Република Македонија” бр. 20/04; 71/04; 115/07; 18/11; 148/11; 23/13; 137/13; 164/13; 38/14; 44/14; 199/14; 104/15; 154/15; 192/15, 39/16 и 11/18) изготви Нацрт Национална стратегија за заштита и користење на … Прочитај повеќе