Одбележување на стогодишнината од пробивот на Македонскиот фронт во Првата светска војна во рамките на Европската година на културното наследство 2018

Меморијата и сеќавањата сè понагласено се препознаваат и валоризираат како културно наследство во Европа, засновано на нивните историски, цивилизациски и општествени вредности. Во тој контекст, Управата за заштита на културното наследство одлучи во рамките на одбележувањето на Европската година на културното наследство 2018, да го одбележи сеќавањето на Првата светска … Прочитај повеќе

Отворена е постојаната музејска поставка „Струмица и Струмичко низ историјата“ во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица

  На Меѓународниот ден на музеите 18 мај, во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица беше отворена постојаната музејска поставка „Струмица и Струмичко низ историјата“. Постојаната поставка на Завод и Музеј – Струмица е поделена на археолошки, етнолошки, историски и оддел на историја на уметност, каде во … Прочитај повеќе

Отворење на изложба на уметнички дела од современата ликовна македонска уметност во Уметничката галерија – Безистен – Штип

Во рамките на одбележувањето  на 18 Мај меѓународниот ден на музеите , НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј -Штип на 17 мај, организираше изложба на уметнички дела од современата ликовна македонска уметност во Уметничката галерија – Безистен – Штип. Изложбата на тема „Современа уметност од светлина … Прочитај повеќе

Посета на министерот за култура и директорката на Управата за заштита на културното наследство на Куманово и најава за реставрација на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ

На 16ти мај 2018 година во Куманово се одржа средба на која присуствуваше директорката на Управата,  д-р Елеонора Петрова – Митевска, Министерот за култура, м-р Роберт Алаѓозовски и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, каде што беше најавен почетокот на зафатите за реставрација на Спомен костурницата на паднатите борци од … Прочитај повеќе

Манастирот Св.Андреја – Матка, општина Сарај, е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

На седницата одржана на 03.04.2018 година Владата на Република Македонија го прогласи Манастирот Св.Андреја – Матка, општина Сарај, за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Својството споменик на културата на Манастирот Св.Андреја – Матка, општина Сарај е утврдено со Решение бр.27/49 од 22.02.1968 година, на Заводот за заштита … Прочитај повеќе

Лансирање на Европската година на културното наследство 2018 во Македонија под мотото ,,Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“

На 31 јануари 2018 година, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, беше презентирана и лансирана годишната програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, изготвена од стручни лица во Управата за заштита на културното наследство. Со тоа, Република Македонија се придужи на семејството настани кои ќе … Прочитај повеќе

Презентација на Годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018

Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура на Република Македонија, изготви Годишна програма за одбележување на  Европската година на културното наследство 2018, која ќе биде презентирана пред стручната и пошироката јавност, утре, на 31 јануари 2018 година во ЕУ Инфо Центарот во Скопје со … Прочитај повеќе

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Во врска со активностите за конзервација, реставрација и реконструкција на Али пашината џамија во Охрид (ул.Климент Охридски бб, КП 15158, КО Охрид 3), и информациите кои се пласираат во медиумите, Управата за заштита на културното наследство согласно своите законски надлежности и постапувања ја дава следната информација: Недвижното добро Али Пашина … Прочитај повеќе

Управата за заштита на културното наследство во нови простории

Управата за заштита на културното наследство, која е во состав на Министерството за култура, се всели во нов поголем работен простор, во објект на ул. „Павел Шатев“, бр. 3 во Скопје. Освен новиот простор, вработените во Управата добија и комплетно нова работна опрема. Особено се екипира и одделот во кој … Прочитај повеќе

Реакција од Управата за заштита на културното наследство во врска со Извештајот од Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година

Почитуван господине Филе, Во врска со Извештајот од Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година и неупотребата на зборот „македонски“ при посочувањето на јазикот на мнозинскиот македонски народ кој живее во Република Македонија во наведениот документ, сакаме да Ви ги упатиме нашите забелешки од позиција на надлежна … Прочитај повеќе