Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

Со Одлука бр. 44-5365/1 од 10.10.2017 година објавена во  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/17) Владата на Република Македонија ја прогласи Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Својството споменик на културата на Црквата Св.Ѓорѓи Победоносец, во … Прочитај повеќе

Управата за заштита на културното наследство во нови простории

Управата за заштита на културното наследство, која е во состав на Министерството за култура, се всели во нов поголем работен простор, во објект на ул. „Павел Шатев“, бр. 3 во Скопје. Освен новиот простор, вработените во Управата добија и комплетно нова работна опрема. Особено се екипира и одделот во кој … Прочитај повеќе

Шарена џамија во Тетово е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење

Со одлука на Владата на Република Македонија со број 44-781/1 од 14.03.2017 година Верскиот комплекс Шарена џамија во Тетово е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење која гласи: Врз основа на член 41 став 2 од Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на Република … Прочитај повеќе

Тринаесет духовни добра прогласени за културно наследство

Ѓурѓовденските обичаи кај Македонците и кај етничките заедници во земјава, како кај Албанците, Ромите, Власите и Турците добија статус на културно наслество од особено значење Владата на Република Македонија донесе одлука за прогласување на тринаесет духовни културни добра за културно наследство од особено значење. Седум од нив имаат исклучително значење, … Прочитај повеќе

Голем чекор во зачувувањето на духовното културно наследство

Со одлука на Владата на Република Македонија 22 дијалекти (говори) од три јазици се прогласени за културно наследство Голем чекор во зачувувањето на духовното културно наследство – Дијалекти на македонскиот, турскиот и албанскиот јазик – tВладата на Република Македонија, на својата седница одржана на 21 јуни 2011 година, донесе 22 … Прочитај повеќе

Најубавите икони и археолошки предмети изложени во Холандија

Изложбата „Ненадмината убавина“ досега е најобемно претставување на културното наследство од Македонија во светот, но е особено важна поради внимателно одбраните артефакти, кои се, како што е именувана поставката, ненадминати во својата убавина, која, за среќа, е на дофат на посетителот од ова време Највредните археолошки експонати и најубавите икони … Прочитај повеќе

Аквадуктот над Серава ќе блесне во полн сјај

Публикацијата „Стратешки план за заштита и рехабилитација на Аквадуктот во Скопје и неговата околина“ предвидува идентификација на вредностите на Аквадуктот, негово историско, археолошко и конзерваторско истражување, конзерваторско-реставраторски интервенции, правење на парк за рекреација и организирање на активности кои ќе вдахнат нов живот на ова културно добро За Аквадуктот во Скопје, … Прочитај повеќе

„Љубљанска конференција – обнова на нашето заедничко наследство“

„Љубљанска конференција – обнова на нашето заедничко наследство“ На 6 и 7 ноември 2009 год. во Љубљана се одржа Меѓународната министерска конференција „Љубљанска конференција – обнова на нашето заедничко наследство“, организирана од словенечките министерства за надворешни работи и култура во соработка со Советот на Европа и Европската комисија, чија цел … Прочитај повеќе

Грант од Амбасадорскиот фонд

Свечено потпишување на Грантот од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс Св. Богородица Перивлепта во Охрид На 29 октомври 2009 год. во Куќата на Робевци во Охрид, министерот за култура Елизабета Канческа Милевска и амбасадорот на САД во Република Македонија, во присуство … Прочитај повеќе

Спречен шверц на артефакти и икони

При извршена контрола во багажен простор во возилото на државјанин на Р. Хрватска, цариниците на граничниот премин Табановце пронашле различни археолошки предмети кои се културно богатство на Република Македонија. Стручни лица од Управата за заштита на културното наследство по извршениот увид утврдија дека предметите се од непроценлива национална вредност. Археолошките … Прочитај повеќе