Одбележување на 90 годишнината од основањето на музејот во Струга и делото на Д-р Никола Незлобински

Во рамките на одбележувањето  на неделата посветена на 90 годишнината од основањето на музејот во Струга од страна на Д-р Никола Незлобински, лекар ентузијаст,  кој покрај својата основна дејност лечењето ја основал и  природонаучната збирка која е во состав на Народниот музеј, се организираа повеќе настани.

На настанот на 30.11.2018 година присутвуваше амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин и делегација на Управата за заштита на  културно наследство . Присутните го посетија гробот  на  Д-р Никола Незлобински, а во природонаучната збирка имаа можност да ја видат изложбата на фотографии со мотиви од Струга и Струшко. Во археолошката поставка ги разгледаа наодите од најзначајните локалитети во околината на Струга.

Во Спомен-домот на браќата Миладиновци. беше промовирана Фотомонографија на стаклени негативи, направени од самиот Никола Незлобински. Фотомонографијата ја промовираше директорот на Управата за заштита на културното наследство д-р Елеонора Петрова – Митевска. Таа истакна дека преку фотографиите се сочувал моментот во кој Струга од турска касаба се претвора во европски град и пред многубројната публика укажа на можноста преку стаклените плочи да се согледа културниот, економскиот и социјалниот развој на Струга и Струшко во периодот на дваесетите и триесетите години на 20 век.

Bookmark the permalink.

Comments are closed