Проект: Најзначајните вредности од областа на културното и природно наследство на Република Македонија

Богатото културно и природно наследство на Република Македонија и значењето кое го има за општеството ја наметна потребата од негова достојна популаризација и презентација. Токму тоа беше повод за отпочнување со проектот „Најзначајните вредности од областа на културното и природно наследство на Република Македонија“, кој преку 130 монографски публикации ќе ги доближи најзначајните археолошки локалитети, сакрални објекти и природни богатства до македонската и публиката надвор од нашите граници. Книгите се научно-популарно со есеистички пристап на нарацијата која поаѓа од претпоставката дека корисникот нема познавања од проблематиката, но истовремено ги исполнува очекувањата на луѓето кои се бават со содржинската проблематика. Илустративниот материјал има мошне значајна улога, бидејќи е богат и разновиден. Изданијата се на македонски и англиски, а во преспектива се очекува да се објават и на други јазици.

Книжевниот проект„Публикации за најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство“ трае веќе неколку години, а во измантиот период започна и неговата последна фаза-публикување на подготвените материјали. Досега се објавени вкупно 30 книги, од кои 10 се на македонки и на англиски јазик, а 10 на англиски.

Македонски и англиски изданија:

1. Црквата Св. Пантелејмон во Нерези, проф. д-р Елизабета Димитрова;
2. Манастир Зрзе, м-р Дарко Николовски;
3. Висока и Старо Бонче, проф. д-р Виктор Лилчиќ – Адамс и доц. д-р Антонио Јакимовски;
4. Шарената џамија – Тетово, м-р Зоран Павлов;
5. Скупи, Ленче Јованова;
6. Скопско Кале, проф. д-р Драги Митревски;
7. Стибера, Лилјана Кепеска и Костадин Кепески;
8. Хераклеја Линкестис, Аница Ѓорѓиевска и Енгин Насух;
9. Тетовско Кале, Љуљета Абази;
10. Цареви Кули, м-р Зоран Рујак;

Англиски изданија:

11. Античкото кралство Македонија и Република Македонија, проф.д-р Виктор Лилчиќ – Адамс, Игор Ширтовски, Владимир Атанасов, Виктор Симоновски и Филип Аџиевски
12. Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, проф. д-р Елизабета Димитрова
13. Црквата Св. Богородица во село Матејче, проф. д-р Елизабета Димитрова
14. Црквата Св. Богородица Елеуса во село Велјуса, проф. д-р Елизабета Димитрова
15. Керамичките рејлефни плочи од Виница, проф. д-р Елизабета Димитрова
16. Манастирот Трескавец, м-р Александар Василески
17. Тумба Маџари, д-р Драгиша Здравковски
18. Таор, м-р Киро Ристов
19. Баргала, д-р Трајче Нацев
20. Маркови кули во Прилеп, д-р Бранислав Ристески

Comments are closed