Реализирани активности во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

Со Одлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година беше прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа Европска иницијатива беше да го промовира значењето на Европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности. Под слоганот за Годината „Нашето … Прочитај повеќе

Делегација од Управата за заштита на културното наследство присуствуваше на завршната конференција на Европската година на културното наследство 2018 #EuropeForCulture

На 6 и 7 декември 2018 год., во Виена, Австрија, во организација на Австриското претседателство со Советот на Европската Унија, се одржа конференцијата #EuropeForCulture како завршна конференција на Европската година на културното наследство 2018. На конференцијата присуствуваше делегација од Управата за заштита на културното наследство, предводена од директорката д-р Елеонора … Прочитај повеќе

Mеѓународен семинар на тема „Живо религиско наследство: партиципативно управување и одржлив развој“ во Киев – Украина

Од 30 октомври до 2 ноември 2018 година во Киев – Украина во организација на Министерството за култура и Национална институција за заштита на историските и културни вредности на Киев – Печерска лавра, а со поддршка на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, се одржа меѓународен семинар на тема „Живо … Прочитај повеќе

Завршна церемонија по повод успешна реализација на проектот ,,Конзервација на крстилницата од Стоби“

На 24 октомври 2018 година,  на археолошкиот локалитет Стоби, се одржа заврша церемонија по повод успешната реализација на проектот ,,Конзервација на крстилницата од Стоби“, проект финансиран со грант од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство на Соединетите Американски Држави, на која присуствуваше и делегација од Управата за заштита на … Прочитај повеќе

Римска некропола на локалитетот “Гробишта“ селото Раец

На локалитетот “Гробишта“ на потегот на месноста “К ’шла“ во атарот на селото Раец, кавадаречко на 17.10.2018 години претставници на Управата за заштита на културното наследство, беа во работна посета на локалитетот. На посетата присуствуваа, директорот на УЗКН д-р Елеонора Петрова – Митевска, националниот координатор за култура во Владата на … Прочитај повеќе

Меѓународна конференција „Верско наследство – европска оставнина за иднината“

Од 11 до 13 октомври 2018 год., во УНЕСКО во Париз, Франција се одржа меѓународната конференција „Верско наследство – европска оставнина за иднината“ во организација на Future for Religious Heritage, а на која присуствуваа директорката на Управата за заштита на културното наследство д-р Елеонора Петрова – Митевска и м-р Кристина … Прочитај повеќе

Едукативен час ,,Го сакам и се грижам за моето културно наследство“ и промоција на специјално изработена наменска Боенка

На 5 октомври 2018 година,  во Куршумли ан во Скопје, се одржа едукативен час на тема ,,Го сакам и се грижам за моето културно наследство“, во организација на Управата за заштита на културното наследство, а во соработка со ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош“ од Скопје, во рамките на Европската година на … Прочитај повеќе

Делегација од Управата за заштита на културното наследство присуствуваше на богослужба по повод празникот ,,Рождество на Пресвета Богородица“ во манастирот Света Богородица во село Матејче

На 21 септември 2018 година, делагација од Управата за заштита на културното наследство, предводена од директорката д-р Елеонора Петрова – Митевска, присуствуваше на богослужба по повод празникот ,,Рождество на Пресвета Богородица“ во манастирот Света Богородица во село Матејче. На свечениот празник, пред голем број верници, меѓу кои и градоначалникот на … Прочитај повеќе

Научен собир „Биогеографска целина Маркови Кули: природни содржини и културни вредности“

Од 20 до 21 септември во Прилеп, во организација на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп со поддршка од Општина Прилеп,  се одржа дводневен меѓународен научен собир насловен „Биогеографска целина Маркови Кули: природни содржини и културни вредности“. Меѓународниот научен собир го отвори градоначалникот на Прилеп г. Илија Јованоски, кој … Прочитај повеќе

г-дин Јакуп Харманда – заменик генерален директор на Дирекцијата за културни добра и музеи од Република Турција во посета на Управата за заштита на културното наследство

Заменик генералниот директор на Дирекцијата за културни добра и музеи при Министерството за култура и туризам на Република Турција, г-дин Јакуп Харманда со своите соработници, преставници на Турскиот културен центар Јунус Емре во Скопје како и Главниот проектант на Проектот за конзервација и реставрација на Куршумли ан, г-ѓа Есин Кулели … Прочитај повеќе