43 сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Баку, Азербејџан

Од 30 јуни до 10 јули во Баку, Азербејџан сe одржува 43 сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Меѓу повеќе од 2.000 учесници, 21-членки на Комитетот за светско наследство ги разгледуваат состојбата на заштитата на светското наследтво на 166 локалитетикако и ќе разгледување на 38 локалитети за потенцијално впишување на Лисатата на светско наследство.

На агендата за разгледување беше и состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на Охридскиот регион. По опсежна дискусија на земјите членки на Комитетот се одлучи на Република Северна Македонија да и се даде уште една шанса за справување со загрижувачката состојба со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион, пред се со прекумерната урбанизација, бесправно изградените градби, големите инфраструктурни проекти, но и туристичката пресија. Дадената можност е во краток временски период (до 01.фебруари 2020 година) да се испорачаат и реализираат препораките кои Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и советодавните тела ИКОМОС и ИУЦН ги доставија до земјата членка, како и да се прикаже напредок во прекуграничната соработка со Република Албанија во однос на заедничките прашања околу заштитата на природното и културното наследство во регионот на Охридското езеро.

На оваа сесија на Комитетот како точка за разгледување беше и проширувањето на доброто предложено од Република Албанија со што се заокружува долгогодишната заложба на Ценатрот за светско наследтво на УНЕСКО за интегритетот односно заштита на Езерото во целина. На овој начин добиваме прекугранично добро кое во иднина ќе биде заштитувано и управувано со заеднички напори на Република Албанија и Северна Македонија.

На 43 сесија на Комитетот за светско наследство како експерти за културното наследство присуствуваа д-р Елеонора Петрова – Митевска, директор на Управата за заштита на културното наследство и м-р Зоран Павлов, раководител на сектор во Управата, и фокал поинт за светско културно наследство во рамките на УНЕСКО.

Bookmark the permalink.

Comments are closed