ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023 за унапредување на административни службеници во Управата за заштита на културното наследство

Врз основа на член 11, член 30  став 1 алинеа 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49  од Законот за административни службеници (”Сл. весник на Р.М.” бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и ”Сл.весник на РСМ” бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), а во согласност Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (”Сл. весник на Р.М.” бр.11/2015. 35/2018), и ”Сл.весник на РСМ” бр.303/20, директорот на Управата за заштита на културното наследство објавува :

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023

за унапредување на административни службеници

во Управата за заштита на културното наследство

 Се распишува Интерен оглас за унапредување на административни службеници  за следните работни места:

  1. 1. Ниво Б2, шифра УПР 01 01 Б02 000, Раководител на сектор за општи работи и за правна заштита -1 извршител;

Посебни услови :

Степен и вид на образование:ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Општествени науки – Право, економија и бизнис или образование

Работно искуство: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор;

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • положен испит за административно управување
  1. 2. Ниво Б4, шифра УПР 01 01 Б04 000, Раководител на одделение за меѓународна соработка, Сектор за меѓународна соработка, документација и дигитализација на културното наследство – 1 извршител;

Посебни услови :

Степен и вид на образование:ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Историја на уметноста/археологија или Архитектура, урбанизам и планирање

Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • положен испит за административно управување
  1. 3. Ниво B1, шифра УПР 01 01 В01 000, Советник за одбрана и спасување на културното наследство во случај на вооружен судир и природни непогоди, Одделение за превенција на културното наследство, Сектор за превенција и инспекциски надзор на културното наследство – 1 извршител

Посебни услови:

Степен и вид на образование:ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен   Општествени науки -други општествени науки (Одбрана)

Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  1. 4. Ниво В1, шифра УПР 01 01 В01 000, Советник за правни работи, Одделение за правна заштита, Сектор за општи работи и за правна заштита2 извршители

Посебни услови :

Степен и вид на образование:ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Општествени науки- Право

Работно искуство : најмалку три години работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  1. 5. Ниво В1, шифра УПР 01 01 В01 000 Советник за упишување на предмети, Одделение за архивски и стручно-административни работи, Сектор за општи работи и за правна заштита1 извршител

Посебни услови :

Степен и вид на образование:ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Хуманистички науки и уметности- други хуманистички науки и уметности (Библиотекарство и документација -Архивистика и документација)

Работно искуство : најмалку три години работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  1. 6. Ниво В1, шифра УПР 01 01 В01 000, Советник за археолошки локалитети и наоѓалишта, Одделение за недвижно културно наследство, Сектор за идентификација, заштита и користење на културното наследство1 извршител

Посебни услови :

Степен и вид на образование:ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен историја на уметност/археологија

Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  1. 7. Ниво В1, шифра УПР 01 01 В01 000, Советник за билатерална и мултилатерална соработка, Одделение за меѓународна соработка, Сектор за меѓународна соработка, документација и дигитализација на културното наследство1 извршител

Посебни услови :

Степен и вид на образование:ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Историја на уметноста или Наука за книжевноста или Наука за јазикот – лингвистика

Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Општи услови: 

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место ;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 Распоред на работното време:  

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок.

Платата за работното  место  под реден број 1  е во паричен нето износ од  44.145,00 денари, за работното место под реден број 2 е  во паричен износ од 35.364,00 денари и за работните места под реден број од 3 до 7 е во паричен нето износ од 31.524,00 денари.

Заинтересираните кандидати треба да  поднесат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Управата за заштита на културното наследство до Одделението за управување со човечки ресурси и до електронската адреса на лицето кое е задолжено за управување со човечки ресурси s.sitnikoska@uzkn.gov.mk

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

ПРИЈАВА интерен оглас управа

Bookmark the permalink.

Comments are closed