Управата за заштита на културното наследство има чест да Ве покани на манифестацијата: Денови на европското наследство 2024 „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“.
Манифестацијата е со почеток во 13 часот во објектот Порта Македонија во Скопје. На свеченото отворање свое обраќање ќе имаат Министерот за култура, г. Зоран Љутков, Заменик министерката за европски прашања, Проф. д-р Викторија Трајков, раководителот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, г. Штефен Худолин, и директорката на Управата за заштита на културното наследство, г-ѓа Весела Честоева.
Во рамките на програмата на манифестацијата ќе се обратат повеќе од десет професори, академици и експерти во областа на културата и културното наследство од земјата и странство, како и дипломати и претставници на меѓународни организации.