При реализација на дополнителна археолошка интервенција на локалитетот Горна Порта во Охрид (на улицата меѓу Горна Порта и црквата Св. Богородица Перивлептос и Галеријата на икони), откриен е гроб означен со број 167 од некрополата “Горна Порта” на античкиот Лихнидос која се истражуваше северно од оваа улица кон бедемот на Охридската крепост во овој дел на градот во 2002 година. Овој гроб се наоѓа само на 6 м. јужно од Гробот 132 (2002 г.) во кого беше откриена златна маска, златна рака и многубројни други златни, сребрени, бронзени, килибарни и керамички предмети. Гробната јама е на длабочина од 2,20 – 2,50 м од површината на улицата и е заградена со аморфни камења и камени плочи (надворешни димензии на гробот: 2,00 х 1,00 м), а со ориентација југоисток-северозапад. Во внатрешноста беа откриени остатоци од инхумирана млада женска покојничка (зачуван е дел од черепот и заби) како и многубројни прилози од злато, сребро, бронза, килибар и керамика. Особено е впечатлива гарнитурата на предмети од златна фолија, сите истоветно орнаментирани со поврзани осмици (сврзани концентрични кругови со калотна пластична изведба во средишниот дел). Златната фолија во вид на очила била сигурно поставена преку очите од покојничката, златната ромбоидна плочка преку устата на покојничката, големата дискоидна плочка украсена со розета сигурно го покривала делот од телото кај срцето, а златниот колан (долг 40 см) го покривал делот на телото од градите до папокот. Сите овие предмети имале ритуална маскирна функција преку лицето и горниот дел од телото. Покрај овие ритуални предмети откриени се две златни обетки со конусовидни гранулирани висулци кај главата, четири бронзени и сребрени белезии со змиски глави кај рацете, две бронзени спираловидни белезии кај нозете, долг сребрен синџир со украсени завршетоци, еден украсен стаклен амфориск меѓу синџирот, една двојна сребрена омега игла, перли од килибар за гердан украсени со паралелни жлебови, големи аморфни килибарни предмети и др.
Прес Центар
- Делегација од Управата за заштита на културното наследство во посета на културните институции во Крива Паланка – Град на културата 2024
22.04.2024.
- Одржан работен состанок помеѓу Управата за заштита на културното наследство и Турската агенција за соработка и координација – ТИКА
27.09.2023.
- Одржан работен состанок помеѓу Управата за заштита на културното наследство, Универзитетот Сапиенца во Рим и непрофитната организацијата Униадрион
06.09.2023.
- Делегација од Управата за заштита на културното наследство во посета на културните институции во Крива Паланка – Град на културата 2024
Последни новости
- Делегација од Управата за заштита на културното наследство во посета на културните институции во Крива Паланка – Град на културата 2024
22.04.2024.
- Донаторска акција на боенки и публикации во издание на Управата за заштита на културното наследство
11.04.2024.
- Годишен извештај за период од од 1.01.2023 до 31.12.2023 до Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
01.02.2024.
- Делегација од Управата за заштита на културното наследство во посета на културните институции во Крива Паланка – Град на културата 2024
Facebook
АРХИВА