Неповратно изгубено културното наследство од Националниот музеј на Бразил

Најстариот и најважниот историскo-научен музеј на Бразил на 02.09.2018 година изгоре во пожар и голем дел од неговата 20 милионска збирка на музејски предмети е уништена. Опожарувањето на 200 години стариот Национален музеј на Бразил преставува значаен губиток за бразилската наука, историја и култура, но и голема загуба за светската музеологија.

Оваа тажна вест ја потенцира важноста и потребата од сериозен пристап во третманот и инвестирање во мерките за зачувувањето на музеите како ризница на светското наследство, со цел трајно зачувување на непроценливото културно наследство кое тие го чуваат.

Во таа насока Управата за заштита на културното наследство изразува искрено жалење за губењето на ова незаменливо културно богатство и укажува на потребата од подигање на свеста и јакнење на механизмите за заштита на културното наследство во музеите со цел избегнување на вакви трагични загуби.

Bookmark the permalink.

Comments are closed