Регионална средба

Регионална средба за превенција од нелегална трговија со културни добра 15 – 18.03.2006 год., Охрид

Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со УНЕСКО Канцаларијата во Венеција – Регионално биро за наука во Југоисточна Европа (УВО-РОСТЕ), организира Регионална средба за превенција од нелегална трговија со културни добра и други противправни дејствија. Целта на оваа средба ќе биде подигање на свеста на одредени служби, како и претставувањето на најдобрите искуства од земите во регионот, со што се подржува процесот на ратификација на предметните конвенции на УНЕСКО и УНИДРОИТ.
На средбата ќе земат учество преставници од соодветни институции од регионот – Албанија, Бугарија, Србија и Црна Гора, Хрватска и Македонија, како и преставници од Интерпол, Командата на карабињерите – Италија и УНИДРОИТ.

Bookmark the permalink.

Comments are closed