Одржани се креативните работилници „Мартинките во Република Македонија – Традицијата во рацете на најмладите“

      На 12.02.2018 г. во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола и на 14.03.2018 г. во ЈУОДГ „Мајски цвет“ во Скопје, се одржаа креативни работилници „Мартинките во Република Македонија – Традицијата во рацете на најмладите“, во организација на Управата за заштита на културното наследство, а во рамките на … Прочитај повеќе

Европската година на културното наследство 2018 во Македонија е со слоган „Нашето наследство – Европска вредност!“

Објавено од https://www.mkd.mk/ Во просториите на ЕУ Инфо-центарот во Скопје, на 31 јануари 2018 година, беше презентирана и лансирана годишната програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, изготвена од стручни лица во Управата за заштита на културното наследство. Со тоа, Република Македонија се придужи на семејството настани … Прочитај повеќе

Лансирање на Европската година на културното наследство 2018 во Македонија под мотото ,,Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“

На 31 јануари 2018 година, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, беше презентирана и лансирана годишната програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, изготвена од стручни лица во Управата за заштита на културното наследство. Со тоа, Република Македонија се придужи на семејството настани кои ќе … Прочитај повеќе

Презентација на Годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018

Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура на Република Македонија, изготви Годишна програма за одбележување на  Европската година на културното наследство 2018, која ќе биде презентирана пред стручната и пошироката јавност, утре, на 31 јануари 2018 година во ЕУ Инфо Центарот во Скопје со … Прочитај повеќе

Во УНЕСКО впишани две нови нематеријални културни добра од Република Македонија

  На 12. состанок на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО-вата Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото, кој се одржа од 03 до 10 декември 2017 година на островот Чеју во Јужна Кореја, (Jeju, South Korea) се впишаа две нематеријални добра на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на … Прочитај повеќе

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Во врска со активностите за конзервација, реставрација и реконструкција на Али пашината џамија во Охрид (ул.Климент Охридски бб, КП 15158, КО Охрид 3), и информациите кои се пласираат во медиумите, Управата за заштита на културното наследство согласно своите законски надлежности и постапувања ја дава следната информација: Недвижното добро Али Пашина … Прочитај повеќе

Европска година на културното наследство 2018

   Со Одлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година е прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа Европска иницијатива е да го промовира значењето на Европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности. Под слоганот за Годината … Прочитај повеќе

Инфо ден на европскиот конзорциум ДАРИАХ.ЕУ – www.dariah.eu во Република Македонија.

Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура во соработка со европскиот конзорциум ДАРИАХ – ЕРИК (Дигитална истражувачка инфраструктура за уметност и хуманистички науки – www.dariah.eu) на 24.10.2017 во просториите на Центарот за конференции и студии при НУБ „Св. Климен Охридски“ – Скопје организираа Инфо … Прочитај повеќе

Македонското културно наследство претставено во Париз

Управата за заштита на културното наследство по трет пат го претстави домашното културно наследство на Меѓународниот саем за културно наследство, кој се оддржи од 2-ви до 5-ти ноември во престижниот амбиент на музејот Лувр во Париз. Темата на годинешното издание на еден од најзначајните саеми од ваков вид, се реализираше … Прочитај повеќе

Спомен – куќата на Лазар Личеноски во Скопје е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

Со Одлука бр. 44-5363/1 од 10.10.2017 година објавена во  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/17) Владата на Република Македонија ја прогласи Спомен – куќата на Лазар Личеноски во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Спомен-куќата на Лазар Личеноски во Скопје, како архитектонска творба, е дело на … Прочитај повеќе