ЈАВНА ПОКАНА
За учество во технички дијалог за набавка на услуги за изработка на графички дизајн припрема пред печатење и печатење на публикации
1. Се повикуваат сите заинтересирани економски оператори да земат учество во спроведувањето на техничкиот дијалог.
2. Техничкиот дијалог се спроведува во согласност со член 43 став 5 од Законот за јавни набавки ( печистен текст, Сл.весник на РМ бр.27 од 23.02.2015 год. ).
2. Техничкиот дијалог се спроведува во согласност со член 43 став 5 од Законот за јавни набавки ( печистен текст, Сл.весник на РМ бр.27 од 23.02.2015 год. ).
3. Техничкиот дијалог не е постапка за јавна набавка туку е претходна постапка која има за цел составување соодветна и поконкурентна тендерска документација.
4. Понудените предлози од страна на економските оператори ќе бидат разгледани, но истите не мораат да бидат прифатени.
5. Учеството во техничкиот дијалог нема ефект во понатамошната постапка и не се смета за учество во изработка на тендерската документација.
6. Предмет на набавка е услуги за изработка на графички дизајн,припрема пред печатење и печатење на публикации.
7. Секој заинтересиран економски оператор ќе може своите предлози и мислења да ги достави или во електронска или во писмена форма надоцна до 14.05.2015 год. до 12:00 часот.
8. Пристигнатите предлози ќе бидат предмет на разгледување од страна на комисијата за спроведување на јавна набавка.
9. До сите економски оператори кои ќе земат учество во техничкиот дијалог ќе се достави записник од неговото спроведување.
10. Техничката спецификација може да се подигне од веб страната на Бирото за јавни набавки (Електронскиот систем за јавни набавки).
Скопје, 08.05.2015 година Комисија за јавни набавки
|