Во УНЕСКО впишани две нови нематеријални културни добра од Република Македонија

  На 12. состанок на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО-вата Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото, кој се одржа од 03 до 10 декември 2017 година на островот Чеју во Јужна Кореја, (Jeju, South Korea) се впишаа две нематеријални добра на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на … Прочитај повеќе

Европска година на културното наследство 2018

   Со Одлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година е прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа Европска иницијатива е да го промовира значењето на Европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности. Под слоганот за Годината … Прочитај повеќе

Инфо ден на европскиот конзорциум ДАРИАХ.ЕУ – www.dariah.eu во Република Македонија.

Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура во соработка со европскиот конзорциум ДАРИАХ – ЕРИК (Дигитална истражувачка инфраструктура за уметност и хуманистички науки – www.dariah.eu) на 24.10.2017 во просториите на Центарот за конференции и студии при НУБ „Св. Климен Охридски“ – Скопје организираа Инфо … Прочитај повеќе

Македонското културно наследство претставено во Париз

Управата за заштита на културното наследство по трет пат го претстави домашното културно наследство на Меѓународниот саем за културно наследство, кој се оддржи од 2-ви до 5-ти ноември во престижниот амбиент на музејот Лувр во Париз. Темата на годинешното издание на еден од најзначајните саеми од ваков вид, се реализираше … Прочитај повеќе

Спомен – куќата на Лазар Личеноски во Скопје е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

Со Одлука бр. 44-5363/1 од 10.10.2017 година објавена во  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/17) Владата на Република Македонија ја прогласи Спомен – куќата на Лазар Личеноски во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Спомен-куќата на Лазар Личеноски во Скопје, како архитектонска творба, е дело на … Прочитај повеќе

Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

Со Одлука бр. 44-5365/1 од 10.10.2017 година објавена во  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/17) Владата на Република Македонија ја прогласи Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Својството споменик на културата на Црквата Св.Ѓорѓи Победоносец, во … Прочитај повеќе

Управата за заштита на културното наследство во нови простории

Управата за заштита на културното наследство, која е во состав на Министерството за култура, се всели во нов поголем работен простор, во објект на ул. „Павел Шатев“, бр. 3 во Скопје. Освен новиот простор, вработените во Управата добија и комплетно нова работна опрема. Особено се екипира и одделот во кој … Прочитај повеќе

Шарена џамија во Тетово е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење

Со одлука на Владата на Република Македонија со број 44-781/1 од 14.03.2017 година Верскиот комплекс Шарена џамија во Тетово е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење која гласи: Врз основа на член 41 став 2 од Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на Република … Прочитај повеќе

Тринаесет духовни добра прогласени за културно наследство

Ѓурѓовденските обичаи кај Македонците и кај етничките заедници во земјава, како кај Албанците, Ромите, Власите и Турците добија статус на културно наслество од особено значење Владата на Република Македонија донесе одлука за прогласување на тринаесет духовни културни добра за културно наследство од особено значење. Седум од нив имаат исклучително значење, … Прочитај повеќе

Голем чекор во зачувувањето на духовното културно наследство

Со одлука на Владата на Република Македонија 22 дијалекти (говори) од три јазици се прогласени за културно наследство Голем чекор во зачувувањето на духовното културно наследство – Дијалекти на македонскиот, турскиот и албанскиот јазик – tВладата на Република Македонија, на својата седница одржана на 21 јуни 2011 година, донесе 22 … Прочитај повеќе